3 начини да се справите со изгорениците од сонце

3 начини да се справите со изгорениците од сонце

Изгорениците од сонцето во текот на летните месеци се честа појава. Па, доколку и вие сте биле изложени на сончевите зраци без соодветна заштита, тогаш погледнете ги следниве 3 трикови кои ќе ги намалат вашите симптоми и ќе ви помогнат при заздравување на кожата…

3 начини да се справите со изгорениците од сонце

1. Студен туш

Пред да излезете од вашиот дом, одвојте 10 до 15 минути за туширање со ладна вода. Темелно поминете ги изгорените делови од вашата кожа и добро оладете ги. Студената вода ќе ги заблажи непријатните симптоми како пецкањето и иритацијата, но и ќе ѝ овозможи доволно влажност на кожата за побрзо да заздрави. По туширањето нанесете лесен хидратантен лосион за тело и носете лесна облека од природи материјали со цел да не ја иритирате кожата дополнително.

2. Купка или облози со јаболков оцет

Оваа магична течност чини чуда за вашата кожа, особено ако е оштетена од сончевите зраци. Таа ќе ги отстрани штетните бактерии од површината на кожата и ќе ѝ овозможи да ја врати својата Ph рамнотежа. Додадете од 230 до 470 милилитри оцет во ладна бања и потопете се околу 15-тина минути. Доколку немате када, измешајте половина литар ладна вода и половина мала лажица јаболков оцет. Во мешавината натопете памучна крпа и со неа прекријте ги изгорените делови на телото и оставете ги околу 15 минути, а потоа повторете ја постапката. По двата третмана измијте ја кожата со ладна вода.

3. Купка или облози со овесна каша

Станува збор за најстариот рецепт против изгорениците на кожата кој делува. Овесната каша ќе ја смири кожата, намалувајќи го пецкањето и иритацијата. Исто така таа ќе ви помогне и да ја исчистите површината на кожата, како и полесно да заздрави. Направете си освежителна купка во када и во водата додајте од 470 до 700 милилитри овесна каша и добро промешајте. Почекајте 10-тина минути и потоа легнете во кадата и уживајте во следните 20 до 30 минути. По бањата измијте ја кожата со студена вода. Доколку немате када, измешајте 1 литар вода со 230 милилитри овесна каша со цел да направите облоги, исто како и оние со јаболковиот оцет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар