3 начини да имате жешка афера… со вашиот партнер!
Аферите се секси, спонтани и забранети, па токму затоа и најчесто ги привлекуваат оние кои се во врска. Токму возбудата која настанува од забранетата промена предизвикува сексот да биде жежок и незаборавен. Но, сите овие нешта не се оправдување за да го повредите вашиот партнер. Токму затоа, зошто да не би имале „афера“ токму со него или неа? Погледнете ги следниве 3 начини на кои можете да внесете малку спонтаност и изненадување во долготрајната врска, така што ќе ги доживеете сите оние возбудливи чувства со личност на која ѝ верувате, без притоа да ризикувате вашата врска да се уништи.
1. Испланирајте тајна средба. Можеби ви звучи контраинтуитивно, но бидете малку спонтани, договорете сексуален состанок и видете што ќе се случи. Доколку можете да пронајдете неколку часа да избегате од вашата работа, деца или општо од секојдневната рутина, сексуалниот состанок може да биде навистина жежок и еротски. Кажете му на вашиот партнер дека ќе го чекате во хотелска соба, на креветот, под чаршафите… голи.
2. Водете љубов на чудно и нечисто место. Најдете локација на која ниту еден од вас никогаш не би помислил дека би можел таму да има секс. Излезете во темен паб, каде што има многу луѓе и одвлечете го партнерот во машкиот тоалет. Или пак, прошетајте се во парк навечер и направете го тоа на отворено. Колку почудно е местото, толку поголема ќе биде вашата возбуда и страст.
3. Изненадете го/ја со нешто сосема ново во сексот. Може да станува збор за игри со улоги или пак, за нешто кое никогаш претходно не сте го пробале. И секако, откако еднаш ќе почнете, одбирајте „нешто ново“ секоја недела. На овој начин вашата страст ќе расте, а исчекувањето за ново искуство само дополнително ќе го одржува разгорен жарот помеѓу вас.