3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви ја подобрат фигурата
Избегнувањето на физичките активности или нивното нередовно практикување може да предизвика чувство на вина. Но, за среќа на сите кои се малку помрзеливи, науката вели дека има неколку начини со кои може да се подобри физичката форма и здравјето. Според три одделни студии, можете да се збогувате со вината што ја чувствувате кога не вежбате и да се препуштите на овие три начини на подобрување на вашата форма и здравје.
1. Када со топла вода
Доколку може да изберете меѓу топла бања и потење во сала за вежбање, што би избрале вие во „мрзеливата“ недела? Доколку тоа е првата опција, тогаш избравте вистинско уживање за вашето тело. Резултатите од едно истражување спроведено минатата година во Финска, покажуваат дека мажите кои одат два до три пати неделно во сауна, имаат за три пати помал ризик од срцев или мозочен удар, во споредба со оние кои одат само еднаш седмично.
Во студијата, 10 учесници имале еден ден да поминат еден час во сауна на температура од 40 Целзиусови степени. Следниот ден, возеле велосипед за да ја постигнат температурата од сауната. Научниците им го мереле шеќерот во крвта по јадењето и согорувањето на калориите и по минатиот час во сауна и по возењето велосипед. Вежбите ја намалиле висината на шеќерот во крвта, но истражувањето докажало дека и топлите бањи се добри за одржување на неговото пониско ниво. Всушност, нивото на шеќер кај учесниците во истражувањето било за 10% пониско по топлата бања, во споредба со нивото кое тие го имале по вежбањето. Исто така, може да согорите 125 калории за време на топлата бања, што е еднакво на отприлика потрошени калории за време на 30-минутно пешачење.
2. Добро е некој да ви ги истегне и масира екстремитетите
Кога се враќате изморени по напорниот работен ден, единствено на што помислувате е да се истуширате и да се истегнете на каучот. Но, истражувањата покажуваат дека доколку по напорниот ден имате некој до вас кој може да ви ги истегне и измасира екстремитетите, тоа може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.
Во студија посветена на дијабетесот, 10 волонтери, првото утро требале да испијат пијалак полн со шеќери и им било кажано да седат мирни 20 минути. Следното утро го направиле истото, но мускулите во горниот и долниот дел од телото им ги истегнал физиотерапевт. Тие масажи траеле околу 30 секунди, по што била направена пауза, па биле повторени. Потоа научниците го измериле нивото на шеќер во крвта на учесниците во истражувањето. Резултатите покажале дека тој бил за 23% понизок во споредба со претходниот ден, кога учесниците само одморале по слаткиот пијалак. Затоа, кога некогаш не можете да вежбате, само најдете некој добро да ги истегне вашите екстремитети и да ви направи добра масажа на целото тело.
3. Само мислете на вежбање – буквално!
Дали сте знаеле дека за да го затегнете телото некогаш сè што треба да направите е само да мислите на вежбање? Една неодамнешна студија вели дека само ако медитирате и мислите на вашите мускули ќе искористите дел од нивната сила. Немојте да си помислите дека вашето тело ќе изгледа како три години да не излегувате од сала за вежбање, но ќе им даде одредена цврстина на вашите мускули. Оваа техника е позната како ментална или моторна слика. Во истражувањето, седум од учесниците биле замолени да ги постават нозете на машина која требало да ја измери силата во нивните мускули. Потоа, еден месец требало да замислуваат како ги затегаат мускулите по 15 минути, пет пати во неделата, но притоа воопшто да не се движат.
Погледнете го и следново видео за дополнителни идеи за „мрзливо“ вежбање…