3 модни детали го освоија Пинтерест, а вие едноставно мора да ги имате во вашиот гардеробер
Дали и вие сте „слаби“ на аксесоарите и големиот асортиман на модни детали? Па, кој уште не е, кога тие се оние кои најдобро ги истакнуваат сите добри страни на стилот и помагаат да добиете комбинација која ќе ги воодушеви сите и која секогаш изгледа фантастично заедно со нив. Меѓутоа, оваа сезона се истакнуваат само 3 модели, кои најпрво го освоија Пинтерест како социјална мрежа што изобилува со модна содржина. Ако ги следите трендовите, тогаш ова се трите клучни парчиња кои ќе ви бидат потребни во текот на оваа пролет, барем така порачуваат модните експерти кои ги одредиле како најпопуларни.
1. Кратки каубојки
Како и секогаш, трендовите се вртат во круг, и кога еднаш ќе исчезнат од модната сцена, по одреден период, тие повторно се враќаат во ист или малку изменет облик. Така се вратија и каубојките како тренд кој беше популарен пред неколку години. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи овој стил е совршен за овие сезони. Започнувајќи од секојдневни, па сѐ до некои елегантни и малку посвечени модни комбинации, каубојките се одличен моден детаљ што ќе ја направат целата модна комбинација поинтересна, па тоа е главната причина што тие повторно ја достигнаа старата популарност.
Преминете на следната страница за вториот тренд…