3 митови за вработените жени и како истите да се победат

3 митови за вработените жени

Дали мажите и жените се еднакви на работните места? Поради која причина жената се откажува од својата кариера? Чија кариера е поважна? Ова се трите најголеми митови за жените со кариера, но постојат начини да им се спротивставиме на тие верувања.3 митови за вработените жени

1. Мажите и жените се еднакви на работните места

Би требало да сме еднакви, но не сме. Сè уште во просек мажите заработуваат повеќе од жените, а неретко нивната работа и повеќе се цени. Што можеме да направиме за да го промениме ова?

Не само да зборуваме, туку да делуваме. Промовирајте се самите себе, истакнувајте се, не дозволувајте да ве стават во сенка само затоа што сте жена. Доколку работите иста или слична работа со вашиот колега, а сте помалку платени, дејствувајте и барајте го она што праведно ви следува.

Најважно од сè – ако се трудите да бидете еднакви со мажите и да ве сфатат сериозно, подгответе се да одите по потешкиот пат! Колку е лицемерно да се бориш за полова еднаквост, а да се трудиш да го добиеш вниманието на шефот облекувајќи се провокативно? Една жена секогаш треба да е средена и убаво облечена, но мора да е ценета поради својата способност, а не да потхранува нечие его.

Не дозволувајте да бидете сфатени на шега. Не дозволувајте некој да помисли дека само затоа што сте жена вие сте лесен противник. Дајте им на сите до знаење колку сте борбени и дека не планирате да се откажете од своето работно место или од унапредување, поради која било причина.

2. Жените се откажуваат од кариерата кога ќе родат бидејќи така сакаат

Многумина ќе помислат дека поради мајчинскиот инстинкт, жената порадо би се откажала од својата кариера за да остане дома со детето. Но, истражувањата покажуваат дека жените најчесто се приморани да се откажат од својата кариера, а тоа ги прави депримирани.

Поради што се приморани? Реално, ретко кој маж ќе пружи вистинска помош откако детето ќе се роди, најчесто сè останува на грбот на жената. Во нашето општество, жената нема да биде сфатена од семејството или пријателите дека ја заслужува својата кариера и дека и покрај тоа што родила, треба да се врати на работа. Најчесто и работодавците не се попустливи кон младите мајки. Отворено разговарајте со вашиот шеф и замолете го да ви излезе во пресрет на одреден период. Исто така, вашиот сопруг мора да знае дека обврските на двајцата родители се еднакви.

3. Кариерата на мажот е поважна од кариерата на неговата сопруга

Вистината е дека на жените им е потребна кариерата исто колку и на мажите, можноста жените да бидат успешни е еднаква со онаа на мажите. Застанете на исто рамниште со својот сопруг и дајте му до знаење дека имате потреба и способност да се надоградувате себеси исто колку и тој.

Сè повеќе мажи посакуваат нивните жени да работат. Финансиската сигурност во семесјтвото е поголема, а доколку еден од партнерите ја изгуби работата, ќе имаат поткрепа додека да се врати во игра.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар