3 љубовни лекции што можеме да ги научиме од бабите и дедовците
Односот помеѓу бабите и дедовците е навистина посебен. Самиот факт што нивниот брак опстанал толку многу години и што тие сѐ уште живеат заедно е за почит. Во денешно време, ретко кој може да се замисли себеси во таква врска. Младите луѓе бегаат од сериозните врски како од ѓавол и гледаат да го одложат стапувањето во брак што е можно повеќе. Точно е тоа дека нашите баби и дедовци живееле во поинакво време, но мора да постои некоја тајна со чија помош ја одржале хармонијата сите овие години. Прочитајте кои се љубовните лекции што можеме да ги научите од бабите и дедовците…
1. Проблемите во врската треба да останат приватни
Да, можеби ќе ја чуете баба ви како се жали од вашиот дедо, но најчесто тоа е кажано на шега и обично станува збор за некои ситни и безначајни работи. Бабите и дедовците научиле дека сериозните проблеми треба ги решаваат насамо. Тие никогаш не вмешуваат други луѓе во нивните караници и го контролираат тајмингот на непријатните разговори, бидејќи секогаш внимаваат на впечатокот што го оставаат пред семејството.
2. Треба да се донесуваат заеднички одлуки
Без разлика дали станува збор за тоа што ќе ручаат, како ќе го поминат денот или како ќе ја потрошат пензијата, бабите и дедовците секогаш се консултираат меѓусебно. Тие живееле заедно толку долго што не можат да си го замислат животот еден без друг. Токму затоа хармонијата во бракот им е многу важна, а се обидуваат да ја одржат со тоа што донесуваат заеднички одлуки. Тоа е знак на љубов, грижа и почит. Љубовта нѐ принудува да се грижиме за саканите исто толку колку што се грижиме и за себе а токму тоа го прават нашите баби и дедовци.
3. Начинот на комуникација има долготраен ефект
Дали некогаш сте ја чуле изреката „Не важно она што ќе го кажете, туку начинот на кој ќе го кажете“? Бабите и дедовците го знаат тоа и со текот на времето научиле дека понекогаш молкот има поголемо влијание од кои било зборови. Многу е важно и внимателното слушање, како и позитивните реакции, бидејќи тоа е знак на почит. Викањето, навредите и саркастичните коментари не се тактиките што би требало да ги применувате во врската. Можете да бидете слушнати и без да го повишите тонот. Секако дека бабите и дедовците имале одредени несогласувања во бракот, но без оглед на проблемот, секогаш си покажувале почит еден кон друг.
Во долгогодишните среќни бракови нема простор за его и самодокажување. Ниту една врска не може да опстане без почит и разбирање. Дури и да се намалил интензитетот на љубовта низ годините, грижата, вниманието и правилната комуникација се оние работи што да ја одржале врската во живот. Нареден пат кога ќе видите баба и дедо како се шетаат за рака во паркот, сетете се на овие лекции и применете ги во вашиот љубовен живот.
Во продолжение прочитајте зошто ги сакаме нашите баби и дедовци.