6 лесни јога пози за цврсти гради

6 лесни јога пози за цврсти гради

Доколку подолго време практикувате јога, тогаш сигурно сте ги забележале сите нејзини придобивки, не само кога станува збор за вашиот дух, туку и кога се работи за вашето тело. Иако на прв поглед не изгледа дека со јогата можете да направите големи промени, сепак со оваа древна вештина можете да постигнете многу нешта, меѓу кои и совршени, цврсти гради за кои отсекогаш сте сонувале.

1. Заземете положба како на фотографијата. Потпрете се на едната нога, а другата испружете ја наназад. Исправете ги рацете, така што да бидат во линија на рамената. Вдишете длабоко и издишете 7 до 10 пати и повторете ја вежбата со другата страна.

2-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_

2. Заземете положба како на фотографијата. Раширете ги нозете, така што целата тежина да биде на едната нога. Раширете ги рацете кои треба да бидат во линија на рамената и свиткајте се така што со едната рака ќе го допирате стапалото на ногата на која паѓа тежината. Истегнете се, а потоа вежбата повторете ја и на другата страна.

3-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_

3. Заземете положба како на фотографијата и останете така неколку секунди. Оваа вежба е одлична за истегнување, опуштање и јакнење на грбот, но и на вашите гради.

4-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_

4. Од претходната положба, преминете на следната, која е малку покомплицирана, но многу ќе му пријае на вашето тело. Заземете положба како на фотографијата и обидете се да балансирате на стомакот околу 30 секунди.

5-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_

5. Станува збор за слична како претходната вежба, само што сега ќе се свртите обратно. Таканаречената вежба „мост“ ќе ви овозможи совршено истегнување и јакнење на целото тело. Заземете положба како на фотографијата и останете така околу 30 секунди. Немојте да заборавите да дишете полека и длабоко.

6-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_

6. На крај, заземете положба како на оваа фотографија, истегнете се добро, дишете полека и останете така 30 секунди.

7-za-fanovite-na-jogata-3-lesni-joga-pozi-so-koi-kje-dobiete-sovrsheni-gradi-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар