3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

Комбинацијата со мед и цимет е одлична за здравјето затоа што го спречува насобирањето на маснотиите во организмот. За ефикасно губење несакани килограми, неопходни се одредени промени во навиките кои секако го вклучуваат и режимот на исхрана. Во продолжение ви ги претставуваме трите рецепти за пијалаци што можат да ви помогнат да го одржувате здравјето и да постигнете витка линија.

1. Цимет и мед

Наједноставната комбинација со цимет и мед е одлична за губење несакани килограми бидејќи го спечува насобирањето на маснотиите во организмот, го чисти дигестивниот тракт и ги неутрализира штетните материи кои го забавуваат метаболизмот.

Подготвувајте го овој пијалак во вечерните часови. Најпрво зовријте 200 милилитри вода. Во празна шолја сипете околу 2,5 грама цимет и потоа прелијте го со врелата вода. Затворете ја шолјата и оставете да се олади. Пред пиење, додајте 1 лажичка мед и испијте половина од дозата пред спиење, а остатокот ставете го во фрижидер и допијте го одма после будење, на празен стомак.

2. Цимет, мед и ѓумбир

Доколку го сакате ѓумбирот, тогаш можете да го направите овој совршен диетален пијалак.

Ставете половина кафена лажичка цимет во шолја со млада вода. Потоа додајте и една лажичка смелен ѓумбир. По ваша желба, можете да го збогатите вкусот со мед и јогурт. Овој пијалак се пие на празен стомак, пред појадокот.

3. Цимет, мед и изртени пченични зрна

Овој пијалак може да ви помогне да ослабите и да го исчистите организмот од токсини.

Потребни ви се 40 грама изртени пченични зрна. Ставете ги во поголем сад и потоа додајте една лажица мед и една лажица цимет. Прелијте со малку врела вода и 230 милилитри јогурт или кефир со низок процент на масленост. Добро промешајте. Ова е одличен избор за здрав појадок!

Забрзајте го вашиот метаболизам со помош на овие 3 вкусни пијалаци!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар