3 клучни правила за нега на сува кожа

3 клучни правила за нега на сува кожа

Покрај клучните производи, клучна е и самата грижа и начинот на кој користите одредени производи. Важно е да ја знаете вашата кожа, па затоа, додека на некоја личност ѝ се допаѓаат мрсни производи, друга личност ќе одбере суво четкање и богат лосион. Но, постојат и неколку трикови што можете да ги користите за да ѝ помогнете на кожата подобро да го апсорбира производот и да ја задржи влажноста.

3 клучни правила за нега на сува кожа

Совет 1

Ако се борите со силна сувост на кожата, дефинитивно ќе мора одберете фармацевтски раствори. За жал, тие се оние кои можат да ја хидрираат вашата кожа затоа што се дерматолошки тестирани и имаат состојки кои се истакнуваат со тоа. Ако користите природни масла и путери, нанесувајте ги на влажна кожа по туширањето бидејќи водата подобро ќе го апсорбира маслото. Покрај тоа, слободно ставете два производи истовремено, како што се масло, а потоа и млеко.

Совет 2

Бидете внимателни каква облека носите. Изберете природни материјали и под кои вашата кожа може да дише, особено овие денови кога носите слоевита облека. Обидете се да да го намалите греењето на минимум, бидејќи тоа дефинитивно влијае на кожата. Исто така, обидете се да не ја загревате просторијата во која спиете. Ова ќе ви обезбеди подобар сон.

Совет 3

Запомнете дека убавината на кожата доаѓа одвнатре, а клучот е течноста и колку ја консумирате. Намалете го кофеинот, пијте вода или чаеви, посветете се на диета богата со зеленчук и овошје и исфрлете го шеќерот или многуте производи со глутен. Секако, ако се борите со сувост на лицето и телото, вреди малку да истражите што јадете. Алкохолот, исто така, придонесува за дехидратација, што повеќето луѓе го консумираат повеќе од вообичаено во текот на пандемијата.

Прочитајте ги и овие начини на негување на кожата во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар