3 каиши кои секој маж треба да ги има

3 каиши кои секој маж треба да ги има

Каишот е моден додаток кој покрај примарната цел – да ги држи панталоните, служи и за постигнување на естетски ефект. Затоа потрудете се да набавите повеќе видови од нив кои одговараат со одреден вид облека и ќе направат да изгледате поубаво. Овие 3 каиши ќе ја завршат целата работа.

3 каиши кој секој маж треба да ги има

Елегантен кожен каиш

Кожен каиш се носи со формална облека. Најважно е неговата боја да одговара со бојата на чевлите. Ако носите црни кожни чевли, тогаш и каишот треба да биде црн. Ако пак сте љубители на кафеави чевли, треба да одберете кафеав каиш. Кај нив е важно и која кафеава нијанса ќе ја одберете, затоа што ги има премногу и може да изгледа дека чевлите имаат друга боја. Затоа најдобро ќе биде да си ги земете и чевлите со вас кога купувате кафеав каиш.

3 каиши кој секој маж треба да ги има

Кежуал кожен каиш

Овој каиш е совршен во комбинација со фармерки, шорцеви и чино панталони. Добро оди со мокасини, чизми или спортски чевли.

3 каиши кој секој маж треба да ги има

Кажуал платнен каиш

Овој се користи во опуштена варијанта. Неговата боја не мора да одговара на чевлите, туку на целосниот изглед. Добро оди со патики, спортски чевли, сандали и апостолки.

3 каиши кој секој маж треба да ги има

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Авторот да си пази на граматиката во насловот,множина не се пишува коЈ туку коИ.

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за забелешката. Поправено. Секако се работи за лапсус, не за незнаење. 🙂

Остави коментар