3 италијански десерти кои секој мора да ги проба
Вкусни и едноставни италијански десерти кои едноставно мора да ги пробате
1. Десерт со овошен јогурт (за 4 до 6 лица)
Потребни состојки:
- 300 грама мешано овошје
- 200 грама свежо сирење
- 250 грама пандишпан за торта
- 250 милилитри грчки јогурт
- 100 грама малини и јагоди
- 2 кафени лажици шеќер во прав
- 1 кафена лажица гранулирани лисја од нане
- Сок и кора од половина лимон
Начин на подготовка:
Исечете го мешаното овошје, ставете го во чинија и додајте го шеќерот, сокот од лимон и нането. Ставете ги во фрижидер сè додека овошјето не испушти сок. Со миксер изматете ги сирењето, кората од лимон, јагодите и малините и ставете ги во чинија. Додајте јогурт и шеќер, промешајте и ставете ја чинијата во фрижидер. Исечете го пандишпанот на коцки и ставете го во стаклена чинија. Нанесете еден слој од овошјето и јогуртот врз пандишпанот. Повторете го ова во неколку слоеви. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути пред да го служите.
2. Сендвичи со сладолед (за 4 лица)
Потребни состојки:
- Готово тесто за колачи
- 60 грама брашно
- 60 грама путер
- 60 грама шеќер
- Сладолед
- 2 белки од јајце
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Пуштете ја рерната на 200 степени. Матете го путерот со шеќерот сè додека не се добие хомогена смеса. Изматете ги и белките со малку сол и потоа полека додавајте ги во смесата со путерот. На крај додајте го и брашното (за чоколадни колачи додајте и една лажица какао). Поставете хартија за печење и врз неа со лажица ставајте од тестото. Погрижете се парчињата тесто да не бидат многу блиску едни до други. Печете ги 8 минути. На рабовите ќе бидат кафеави, а во средината бели. Половина од колачите намачкајте ги со сладолед и покријте ги со друго колаче за да формирате сендвич.
3. Овошна торта со манго и ф’стаци (за 4 лица)
Потребни состојки:
- 2 зрели манга
- 50 грама кафеав шеќер
- 1 лажица путер од ф’стаци
- Нане
За тестото:
- 250 грама брашно
- 125 милилитри вода
- 100 грама путер
- Рендана кора од лимон
- 1 лажица шеќер
- Сол
Начин на подготовка:
За да го подготвите тестото, пресечете го путерот на мали парчиња и измешајте го со брашното, кората од лимон, шеќерот и солта. Додајте 125 милилитри вода и со миксер мешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа ставете ја во фрижидер на 1 час. Излупете го мангото, исечете го на дебели парчиња, а сокот соберете го во шолја. Во мала тава загрејте го шеќерот со 1 лажица од путерот и сокот од мангото. Гответе додека не се карамелизира. Префрлете го во тава за печење и од горе ставете ги парчињата манго. Потоа додајте го тестото и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 150 степени. Извадете го од рерната и попрскајте го со ф’стаци и нане.