3 идеи за уникатна декорација на велигденските јајца

3 идеи за уникатна декорација на велигденските јајца

Здодеано ви е од еднобојните велигденски јајца што секоја година исто изгледаат и никако не се издвојуваат? Ако сте расположение за нешто ново годинава, тогаш имаме одлични идеи за вас. Бидете креативни и уникатни со помош на овие 3 трикови!

1. Мермерни јајца

3-idei-za-unikatna-dekoracija-na-veligdenskite-jajca (3)

Потребни состојки:
  • Сварени јајца
  • Крема за бричење
  • Боја за храна
  • Алуминиумски сад за печење
  • Гумена шпатула
  • Чепкалки за заби
  • Салфетки
  • Гумени ракавици
Начин на подготовка:

Наполнете го садот за печење со крема за бричење и израмнете го шпатулата. Потоа капнете по неколку капки од различни бои за храна. Колку повеќе бои искористите, толку помермерна ќе биде нијансата на јајцата. Потоа со помош на чепкалката за заби промешајте ги боите по кремата за бричење.

Ставете гумени ракавици, земете го јајцето и тркалајте го по обоената површина. Направете го ова со сите останати јајца, кои потоа внимателно ќе ги редите на салфетки. Оставете да се исушат 20-тина минути и потоа избришете го вишокот крема за бричење од нив.

Погледнете го видеото за подетални инструкции:

2. Шарени јајца

3-idei-za-unikatna-dekoracija-na-veligdenskite-jajca (1)

Потребни состојки:
  • Сварени јајца
  • Гумени ракавици
  • Салфетки
  • Ситни налепници
  • Шпагета
  • Селотејп
  • Гумени ластичиња
  • Боја за јајца
Начин на подготовка:

Поделете ги сварените јајца во три групи. На првата залепете мали налепници и поврзете ги со шпагета. Намотајте ја повеќе пати околу нив, во сите насоки. Другата група залепете ја со селотејп. Играјте си со насоките, и не се спречувајте при должината. Третата група јајца замотајте ја ластичиња во различни дебелини.

Измешајте ја бојата за јајца со вода и ставете ги јајцата. По првото боење дозволете им да се исушат, па тргнете ги сите нешта од нив. Тоа е првиот слој боја. Повторете ја истата процедура со налепниците, шпагетите и селотејпот, па ставете ги јајцата во друга боја. Повторно оставете ги да се исушат, па тргнете ги додатоците. Ова можете да го повторите колку пати сакате.

3. Металик јајца со светки

3-idei-za-unikatna-dekoracija-na-veligdenskite-jajca (2)

Потребни состојки:
  • Сварени јајца
  • Гумени ракавици
  • Салфетки
  • Боја за јајца
  • Металик фломастери
  • Лепило
  • Светки во прав (или боја за јајца со светки)
Начин на подготовка:

Потопете ги сварените јајца во различни бои, па почекајте околу 20-тина минути бојата да им се впие. Извадете ги јајцата од бојата и оставете ги да се исушат.

Постојат два начина на декорирање. Првиот е да ги премачкате со лепило или да нацртате нешто со него, па врз нив да просипете светки. Вториот начин е да нацртате нешто со фломастерот.

Погледнете ги и овие 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар