3 идеални фризури за девојките со тенка и ретка коса
Девојките со тенка и ретка коса отсекогаш барале едноставни фризури коишто без многу напор од нивна страна, визуелно ќе им го зголемат волуменот на косата. Па, ако и вие се пронајдовте во овој опис, тогаш имаме 3 одлични предлози за вас! Само имајте на ум дека визуелниот ефект на густа и бујна коса најлесно се добива со соодветно обликување и фарбање. Исто така, фокусирајте се на должина до рамената, како и на експериментирање со степени и шишки.
1. Популарен боб
Оваа фризура со специфичен геометриски облик каде што косата е остро скратена на самите краеви ќе ви создаде визуелно пооголен волумен.
2. Слоевито стилизирана фризура
Слоевитата стилизација е еден од најефективните начини визуелно да го зголемите волуменот, бидејќи со самото додавање на слоевите, косата веднаш почнува да изгледа погусто.
3. Прамени во повеќе нијанси
Кога станува збор за фарбање тенка и ретка коса, прамените и преливите се најдоброто решение. Комбинацијата на посветли и потемни прамени ќе создадат вистинска илузија на волумен.