3 главни причини зошто мислите на друг маж додека сте во врска

3 главни причини зошто мислите на друг маж додека сте во врска

Вашето внимание е постојано привлечено од некои други мажи, и сè почесто се фаќате себеси како размислувате и фантазирате за некој друг кој не е вашиот партнер. Постојано се борите против тоа, но забранетите мисли сè уште се присутни во вашата глава. Чувствувате грижа на совест бидејќи сметате дека на некој начин го изневерувате партнерот и се прашувате што би можело да биде причината за тоа, бидејќи сметате дека сте сосема среќни и задоволни од врската. Но, нештата понекогаш не се баш такви какви што изгледаат. Нашата потсвест знае да крие многу работи. Сосема е возможно да сакате еден, а да имате друг во мислите. Еве зошто е тоа така…

3 главни причини зошто мислите на друг маж додека сте во врска

1. И двајцата сте под стрес

Стресот може да биде предизвикан од милион фактори: Финансиски проблеми, проблеми на работа, семејни проблеми и многу други нешта. Сето тоа придонесува за намалување на сексуалната желба. Нормално е во ваквите секојдневни стресни ситуации да ви се случи да фрлите око на некој друг. Имено, кога и двајцата партнери во врската се чувствуваат напнато и под притисок, многу е тешко да се покажуваат позитивни емоции, односно да се искажува љубовта што ја имаат еден за друг. Тоа не значи дека љубовта не постои, туку дека не се покажува доволно. А кога ни недостасува внимание во врската, почнуваме да го бараме на други места.

2. Не поминувате доволно време заедно

Кога сме презафатени со други обврски, поминуваме сè помалку време со партнерот и токму тогаш може да се јави интерес за некој друг. Многу е едноставно: Што повеќе време поминувате далеку од него, толку повеќе време трошите на други со што создавате совршена прилика за да развиете симпатии за оној симпатичен колега од работа.

3. Не сте задоволни од вашата врска

Ставете се во следнава ситуација: Вие обожавате да трчате, но на вашиот партнер ни најмалку не му се допаѓа таа активност. Потоа, запознавате некој кој ужива да ја прави истата работа и почнувате да се прашувате зошто вашиот партнер не може да биде таков. Малку по малку, почнувате сè повеќе да се зближувате со таа личност врз основа на заедничките хобија и интереси.

Нема потреба понатаму да објаснуваме. На вас останува да одлучите што е тоа што ве прави среќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар