3 факти кои треба да ги знаете пред да се одлучите за гел маникир

3 факти што треба да ги знаете пред да се одлучите за гел маникир

Кога е во прашање одржувањето на ноктите, еден од најпопуларните трендови со сигурност е гел маникирот. Жените кои не сакаат самите да си ги средуваат своите нокти или пак немаат време за честите лакирања дома, знаат да се одлучат за овој вид маникир. Па, ако и вие спаѓате во оваа категорија, можеби треба повнимателно да ги прочитате следниве нешта…

1. Долготрајноста на гел лаковите

Најголемата причина поради која гел маникирите се толку популарни е најверојатно поврзана со долготрајноста на лакот. За разлика од обичните лакови кои после неколку дена не изгледаат беспрекорно, идеалниот изглед на гел лакот може да трае и до 3 недели доколку правилно се грижите за ноктите.

2. Слабеење на ноктите

Постои можноста гел маникирот да предизвика дехидрација и намалување на волуменот на ноктите. Она што треба да го имате на ум ако се одлучите за гел маникир е дека всушност најштетниот дел од целиот процес е самото отстранување на маникирот.

3-fakti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-se-odluchite-za-gel-manikir-www.kafepauza.mk_

3. Отстранување на гел маникирот

Но, отстранувањето на гел лакот не мора секогаш да значи потполно уништување на ноктите. Всушност постои едноставен процес со кој оштетувањето на ноктите ќе биде минимално. Наместо потполно отстранување на гел маникирот одлучете се за нанесување траен лак сѐ додека гелот не излезе во целост. Трајниот лак не ги оштетува ноктите, а тие нема да бидат тенки и изгребани како што би биле после директното отстранување на гелот од ноктите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар