3 емоции што мора да ги чувствувате доколку сакате вашата врска да опстане
Нашите емоции постојано се менуваат во текот на денот. Во еден момент може да бидеме среќни, а веќе во наредна секунда расположението може да ни се смени и да станеме тажни. Сепак, кога станува збор за љубовните врски, постојат 3 емоции што мора да бидат присутни доколку сакате да го зачувате здравиот однос со партнерот. Прочитајте за кои чувства станува збор…
1. Сигурност
Радоста, задоволството и длабоката поврзаност се појавуваат само тогаш кога се чувствувате безбедно и сигурно. Довербата и верноста придонесуваат за чувството на сигурност во врската. Доколку сакате да постигнете ваква сигурност во врската, мора да бидете активни и внимателни слушатели. Мора да го тешите партнерот во стресните ситуации, но и да му го подигнувате расположението секогаш кога ќе биде тажен. Партнерите кои се разбираат меѓусебно, се чувствуваат безбедно и сигурно во врската.
2. Храброст
Храброста е многу важна емоција, бидејќи таа ни помага да ја преземеме акцијата што е потребна за да станеме среќни. Благодарение на храброст, партнерите можат да пробуваат нови работи и да ја победат монотонијата во врската. Со помош на храброста, ќе му го откриете вашиот внатрешен свет на партнерот. Ова ќе доведе до чувства на блискост и ќе ја оживее врската. Храброста е пресудна за успехот на љубовната врска.
3. Возбуда
Кога ќе ја покажете вашата храброст во атмосфера каде што владее сигурноста, ќе се отворите за доживување нови искуства. Вашиот живот ќе биде исполнет со забавни активности на кои обајцата ќе се радувате. Ќе можете да бидете спонтани и да водите инспиративни и хумористични разговори. Разиграноста ја одржува врската во живот, бидејќи ја зајакнува љубовната возбуда. Владее верувањето дека возбудата е присутна само во врските што се тазе, но тоа е сосема погрешно. Ако имате сигурна врска што ви дозволува да преземате ризици и да бидете храбри, и понатаму ќе ги чувствувате пеперутките во стомакот секогаш кога ќе го видите вашиот партнер.
Доколку не ги чувствувате овие емоции секојдневно, тоа може да се смени. Обично, старите навики и начини на размислување ја блокираат вашата креативност што ќе ви овозможи да бидете храбри и да ја зголемите сигурноста и возбудата во врската. Не губете надеж. Можете да ги развиете овие позитивни емоции во врската. Бидете креативни и дадете сѐ од себе!
Прочитајте ги и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска.