3 едноставни вежби за да имате нозе како Кејт Мидлтон

3 едноставни вежби за да имате нозе како Кејт Мидлтон

Војвотката Кејт покрај што има беспрекорен стил многумина можат да ѝ позавидат и на нејзината витка става која постојано ја одржува. Покрај што внимава на исхраната, таа е и физички активна, а ние ви ги откриваме овие вежби кои можете да ги правите во домашни услови или секаде каде што ќе посакате за да го добиете истиот изглед. Вежбите се лесни и не ви треба голема физичка кондиција освен силна желба да имате убави и обликувани нозе.

1. Длабоки клекнувања

Стапалата поставете ги паралелно во ширина на колковите, односно рамената. Рацете можете да ги испружите пред вас за подобра рамнотежа. Се спуштате како да седнувате на замислена столица, спуштајќи го задникот надолу. Колената не треба да ги туркате нанапред тие природно ќе преминат преку врвовите од прстите и не треба да одат понатаму. Горниот дел од телото природно ќе се наведне нанапред. Спуштајте се додека бутовите не бидат паралелни со подот. Додека се спуштате треба да почувствувате напнатост на предната предните мускули, а кога ќе се кревате треба да осетите притисок на задните мускули и во глутеусот.

2. Вежба со растеглива лента

Во рацете земете по еден крај од растегливата лента за вежбање. Префрлете ја средината на лентата преку петиците од едната нога, па со нејзина помош испружете го стапалото односно нозете нека ви бидат паралелни со подот. Истото направете го и со другата нога. Вежбата повторете ја 10-15 пати со секоја нога поединечно. Колку повеќе повторувања правите толку ќе имате подобри резултати за нозете, бедрата и задникот.

3. Исчекор

Исчекорот е одлична вежба за жените бидејќи ги затегнуваат мускулите и нозете. Застанете на стапалата и телесната тежина потпрете ја на средина на стапалото. Карлицата треба да биде колку што е можно порамна. Рацете мора да ви бидат покрај телото. Свиткајте ги двете колена под прав агол кога ќе направите исчекор нанапред. Додека ги правите движењата телото не треба да го наведнувате нанапред.

Погледнете ги овие 30-минутни вежби со мала пилатес топка за цврст задник и рамен стомак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар