3 едноставни совети за зголемување на малите гради

3 едноставни совети за зголемување на малите гради

Само жените со мали гради можат да разберат колку е тешко да се пронајде соодветен градник. Па, доколку сте горди сопственички на мали гради, тогаш погледнете ги овие 3 основни правила на кои треба да внимавате кога купувате градник со А големина на корпа.

3 едноставни совети за зголемување на малите гради

1. Градник без жици

Градниците со жици се идеални за подигнување на градите, но кај оние девојки кои носат градник со големина на корпа А тие можат да бидат многу непријатни. Токму затоа обидете се да ги избегнувате овие градници и да ја насочите вашата потрага по оние со зголемени корпи направени од микрофибер. Тие не само што се пријатни за кожата, туку и можат лесно да се прилагодат на телото, подигнувајќи ги градите и давајќи им го посакуваниот волумен.

2. Градник со перничиња

Перничињата кои визуелно ги зголемуваат градите во последно време сè повеќе сe игнорираат, но овој додаток може да биде навистина ефикасен за жените со мали гради. Пронајдете го оној модел чија корпа одговара на обликот на вашите гради и во отворот за перничиња поставете двоен слој. На овој начин ќе добиете силен „push-up“ ефект и ќе ја пополните целосно корпата. Избегнувајте ги оние кои се во форма на шпиц, бидејќи се предлабоки, односно премногу отворени кај деколтето.

3. Градник со чипка

Текстурата на градникот може многу ефективно да делува врз изгледот на вашите гради. Денешните градници се направени од меки и удобни чипки кои не ја иритираат кожата и кои им даваат елегантна структура. Но, исто така пред да го одберете овој модел, внимавајте и на претходните 2 правила со цел да го изберете оној градник кој најдобро ќе ви одговара.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар