3 едноставни рецепти со Нутела што ќе ви ја заблажат душата

3 едноставни рецепти со Нутела што ќе ви ја заблажат душата

Кога станува збор за чоколадно задоволство, ништо не може да го надмине нашиот омилен крем Нутела!

1. Мини тортички

(1) 3 едноставни рецепти со Нутела што ќе ви ја заблажат душата

Потребни состојки:
  • 280 грама Нутела
  • 2 јајца
  • 90 грама брашно за сите намени
  • 1/4 кафена лажичка сол
  • 1/4 чоколаден чипс (опционо)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад со средна големина, мешајте ги заедно кремот Нутела, јајцата, брашното и солта, сè додека не се соединат. Поделете ја смесата на 12 делови, и распределете ја во хартиени држачи за капкејкс, наредени во калап за колачи. Печете 12 минути.

2. Едноставни колачиња

(2) 3 едноставни рецепти со Нутела што ќе ви ја заблажат душата

Потребни состојки:
  • 280 грама Нутела
  • 130 грама брашно
  • 1 јајце
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење на две плитки правоаголни тави. Во голем сад, измешајте ги заедно кремот Нутела и јајцата. Потоа додајте го и брашното и мешајте додека не се соединат. Смесата ќе биде многу густа.

Одвојте мало количество од смесата, колку една супена лажица, и направете го како топче, а потоа сплескајте го со вашите раце. Поставете го на хартијата за печење. Додајте една лажица оладена Нутела на центарот од колачето. Повторете ја постапката уште еднаш, но второто колаче сместете го врз првото и притиснете го од страните за да го споите со првото – треба да изгледаат како равиоли.

Повторувајте го процесот сè додека не го искористите целото тесто. Печете до 6 до 8 минути.

3. Необичен чизкејк

(3) 3 едноставни рецепти со Нутела што ќе ви ја заблажат душата

Потребни состојки:
За тестото:
  • 250 грама бисквити
  • 75 грама несолен путер, омекнат
  • 1 лажица Нутела
  • 25 грама ореви, печени
  • Прстофат сол
За филот:
  • 500 грама крем сирење, омекнато
  • 500 грама Нутела
  • 60 грама шеќер
  • Прстофат сол
Начин на подготовка:

За да го направите тестото, ставете ги бисквитите, путерот и кремот Нутела во блендер и матете. Додајте ги оревите и солта, и продолжете со матењето сè додека не добиете песоклива смеса. Сипете ја во кружна и претходно подмачкана тава, па притиснете ја добро со вашите раце. Оставете да отстои во фрижидер.

За да го направите филот, изматете ги крем сирењето и шеќерот со електричен миксер. Матете сè додека не добиете хомогена смеса. Додајте 3/4 од кремот Нутела, заедно со солта, и продолжете со матењето додека не се соединат. Нежно додајте ја и останатата Нутела, рачно, со цел да остане „вител“, па не се обидувајте целосно да ја инкорпорирате.

Извадете ја кората од фрижидерот и сипете ја мешавината со Нутела над неа, внимателно израмнувајќи го врвот. Вратете ја повторно во фрижидер каде што треба да отстои 4 часа или цела ноќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар