3 едноставни домашни рецепти против рчење

3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина. Тоа е предизвикано од страна на вибрации од мекото непце и ткивата во грлото, носот и усната шуплина. Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни и евтини домашни рецепти…

3 едноставни домашни рецепти против рчење

1. Нане

Оваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето. Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара. Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.

2. Маслиново масло и мед

Маслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме. Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење. Повторувајте ја постапката секоја вечер.

3. Кардамом

Семките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки. Кардамомот ја разредува слузта и го олеснува дишењето. Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте. Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар