3 домашни маски што ќе ве спасат од мамурлак
Ако сте претерале со забава, што веруваме дека е вистина бидејќи го читате овој текст, тогаш без сомнение сте на вистинското место. По толку настани, семејни дружења и излегувања каде што ѕвездата на вечерта е шампањот, лесно може да се случи нештата да ви избегаат од контрола.
Алкохолот, во комбинација со недостатокот на сон, може значително да ја оштети кожата, но добрата вест е што има начин како самите да ѝ го вратите сјајот. Во продолжение следуваат 3 брзи и едноставни домашни маски, што треба да се држат на лицето 15-20 минути, а потоа да се измијат со млака вода. Резултатите ќе бидат инстантно видливи.
Маска со авокадо
- 1/2 авокадо
- 1 лажица павлака
- 1 лажица мед
Маска со лимон
- 1 лажица мелена овесна каша
- 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
- 1 белка
Маска со портокал
- 2 киви
- 3 лажици павлака
- 1 лажица свежо исцеден сок од портокал
- 1 лажица маслиново масло
Подготовката на сите овие маски е многу едноставна. Сè што треба да направите е да ги измешате сите состојки заедно и да се погрижите добро да се соединат. Штом добиете хомогена смеса, вашата маска е подготвена!