3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмот

3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмот

Оваа кратка диета е одлична за чистење на организмот од токсини после летото и претставува добра подготовка за постудените денови. Детоксот со црно грозје смирува и ја враќа енергијата, го подмладува организмот, ги разубавува кожата и косата, го регулира варењето и штити од болести.

3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмот

Црното грозје има антиоксидантно, противвоспалително и антиалергиско дејство благодарение на флавоноидите чија концентрација е најголема во лушпата и во семчињата. Инаку флавоноидите кои се нуспроизводи на метаболизмот на растенијата, се богати со антиоксиданси и многу се здрави за човековиот организам, а помеѓу останатото, го чуваат здравјето на кардиоваскуларниот и нервниот систем.

Стручњаците препорачуваат повремена кратка диета со црно грозје за прочистување и регенерирање на телото. Се работи за детокс во времетраење од еден до три дена, а овој период од годината е идеален за тоа бидејќи е сезона на грозјето.

Важно е да се знае дека се работи за плод кој има изразито алкализирачки својства што во случај на преголема изложеност на стрес е доста корисно. Заради својот состав црното грозје се нарекува природен тоник кој го детоксицира човечкиот организам. Како и повеќето овошја, тоа е добар извор на вода, минерали и витамини. Во 100 грама грозје има околу 120 калории, што значи дека еден килограм од овие слатки топчести плодови имаат дури 1.200 калории.

Оваа диета е препорачлива само за здрави луѓе. Доколку не сте сосема сигурни дали сте соодветен кандидат за неа, консултирајте се со вашиот доктор. Здравите луѓе кои немаат ограничувања во исхраната по други основи, неколку дена на ваква селективна диета со грозје може да им делуваат доста благотворно. Грозјето ја поттикнува нормалната работа на цревата и делува диуретски. Детоскот со еднодневна или дводневна исхрана со грозје е најчестиот применуван овошен пост, пред сѐ заради високите вредности на оваа намирница, а и заради тоа што грозјето е овошје кое дава задоволувачко чувство на ситост.

За оваа детоксицирачка диета треба да јадете по 1,5 килограми црно грозје на ден, распределено во 4-6 оброци. Тоа е оптималната количина. Исто така, важно е да се пие вода во текот на детоксот, најмалку неколку чаши на ден. Во случај на појава на треперење на рацете и нозете, како и каква било друга непријатност на телото, во исхраната треба да се вклучи и некој друг оброк.

Ресвератолот (природен антиоксиданс) е најпознатиот полифенол, а се препорачува за поздраво срце и крвни садови, како и при прекумерна тежина. Научната заедница детално ја има проучено оваа состојка која се произведува во грозјето во подоцнежната фаза од зреењето. Притоа, колку е поголема изложеноста на лозјето на УВ-зраци, толку повеќе ресвератол ќе се создаде во плодот.

Важно е кога го јадете грозјето убаво да го џвакате и да се обидувате да ги загризувате семчињата бидејќи во нив се наоѓа мало количество многу здраво масло, кое во последниве години се продава како ладно цедено и држи доста висока цена.

Прочитајте и кои се здравствените придобивки од грозјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар