3 дена, 3 различни салати: Екстремна и брза диета за најодлучните

3 дена, 3 различни салати: Екстремна и брза диета за најодлучните

Прво, неколку важни совети – во текот на диетата можете да пиете многу течности (вода, зелен чај, црн чај и други видови билни чаеви). Исто така, се препорачува во текот на овие 3 дена целосно да ја заборавите солта. И мора да споменеме дека експрес диетата со салати е строго забранета за оние кои имаат хронични гастроинтестинални заболувања и за дијабетичарите.

1-izgubete-go-vishokot-na-kilogrami-za-3-dena-so-pomosh-na-dietata-so-salati-www.kafepauza.mk_

Ден 1: Морков

Првиот ден би требало да јадете само морков во различни варијанти. Може да го јадете пржен, варен на пареа или во свеж облик, сè зависи од вашиот личен вкус. За да го збогатите вкусот на морковот додадете мала количина маслиново масло и сок од лимон. Строго е забрането да додавате мајонез, сол, бибер и павлака. За еден ден се препорачува да изедете 1,5 килограм моркови. Поделете ја оваа количина на 6-7 оброци и јадете ја во текот на денот.

2-izgubete-go-vishokot-na-kilogrami-za-3-dena-so-pomosh-na-dietata-so-salati-www.kafepauza.mk_

Ден 2: Зелена салата

Мешајте различни видови зелени салати со ореви или индиски ореви и јадете ги во текот на денот во неограничени количини. На салатата можете да ѝ додадете и маслиново масло. Како и во правиот ден, обидете се да ја поделите храна на 6-7 порции.

3-izgubete-go-vishokot-na-kilogrami-za-3-dena-so-pomosh-na-dietata-so-salati-www.kafepauza.mk_

Ден 3: Салата од цвекло

Најдобрата опција за слабеење е варено цвекло. Избегнувајте да додавате сол или други зачини. Цвеклото помага да го исчистите желудникот, ја лекува кожата и косата и штити од гастритис.

4-izgubete-go-vishokot-na-kilogrami-za-3-dena-so-pomosh-na-dietata-so-salati-www.kafepauza.mk_

ВАЖНО:

Секако, губењето на килограми од оваа брза диета е екстремно. Затоа можете да ја прилагодите и по желба да додадете ракчиња, црвена пиперка, риба или пилешко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар