3 чудни грешки што ги прават жените во врска со мажите
Дури и најатрактивните жени може да направат некоја грешка кога станува збор за освојување нечие срце. Сепак, кога се среќавате со потенцијалниот партнер сигурно сакате сè да биде совршено. Бидејќи првите неколку средби можат да бидат клучни за вашиот однос, важно е да обрнете внимание на некои работи. Па, погледнете ги 3-те навистина чудни грешки што ги прават речиси сите жени кога се обидуваат да освојат некого.
1. Понудувате да ја платите сметката
Кога некое момче ќе ве покани на состанок, тоа е навистина возбудено за вас. Сака да се покаже во најдобро светло и да ви демонстрира едно нешто – дека може да го направи вашиот живот подобар. Сака да ве направи среќни, но може да настане вистинска дилема ако понудите да ја поделите сметката. Иако овој гест е учтив, сигнализира нешто што не ви е намера:
- Не сте романтично заинтересирани за него и го ставате во пријателската зона.
- Не може да направи многу за да ви го подобри животот бидејќи веќе знаете како да се грижите за себе.
Иако ова не е вашата намера, големи се шансите тој да помисли на едно од двете нешта. Добриот маж би сакал да ја плати целата сметка. Тоа му причинува задоволство. Па ако ви се допаѓа, дозволете му.
2. Му подарувате „бесплатен“ секс
Иако момчето сака да имате секс што е можно побрзо, честа грешка е да му го дозволите тоа пред да го „заслужи“. Повеќето мажи уживаат во предизвикот да ве освојат. Без тоа, состанувањето не е многу забавно. Најдоброто нешто што можете да го направите ако тој почне да се движи пребрзо е да му кажете колку ве привлекува, но дека не сте подготвени. Ова ќе ви додаде вредност во неговите очи.
3. Почнувате да планирате идни состаноци
Ако си поминувате одлично со момчето, нормално е да му кажете дека сакате да го видите повторно. Чувствувате поврзаност и сакате да продолжите. Но, правењето дури и суптилен план е уште една честа грешка. Можеби мислите дека правите добро што го каните на некој настан на којшто планирате да одите. Или пак мислите дека ќе ужива во нешто што го спомнал на првиот состанок. Тоа е навистина внимателно од ваша страна, но овде се наоѓа и проблемот. Мажите сакаат да не знаат дали сте заинтересирани. Кога станува збор за освојување, дозволете му тој да ги закажува состаноците, а не вие. Мажите се вљубуваат кога се оддалечени од вас. Се вљубуваат кога не е толку лесно да ве освојат и кога треба навистина да се потрудат за тоа. Дури и ако во иднина ве очекува долга врска, потребно е тој да знае дека не било лесно да ве освои.
Сè на сè, навистина е лесно да ги избегнете овие грешки. Дозволете му да ја плати сметката и да се грижи за вас. Немојте да имате секс со него сè додека не го заслужил. Ќе знаете дека е вистинско време за тоа кога ќе се чувствувате удобно и кога ќе почувствувате дека тој е сериозен во врска со вас. На крај, дозволете му да го испланира следниот состанок. Ако тој навистина сака нешто посериозно со вас, ќе најде начин да стигне до таму. Дозволете му да ве освои.
Погледнете и кои работи не смеете да ги правите на првиот состанок.