3 чекори до среќа: Одлична вежба која ќе ви даде храброст да си го промените животот

3 чекори до среќа: Одлична вежба која ќе ви даде храброст да си го промените животот

Тајната на среќата е многу едноставна и се заснова на еден познат цитат од професорот и политичарот Рејнолд Нибур:

„Дај ми смиреност за да ги прифатам работите што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост за да ја препознам разликата.“

Па, како би можеле да ја примените оваа изрека во секојдневниот живот? Сѐ што треба да направите е да ги следите следниве 3 чекори…

3 чекори до среќа: Одлична вежба која ќе ви даде храброст да си го промените животот

Прв чекор: Идентификувајте го изворот на тага

За овој чекор ќе ви требаат два листа хартија и пенкало или молив. На првиот лист напишете го сето она што ви предизвикува тага и незадоволство во животот. Секоја листа ќе биде различна, а и вашата ќе се менува со текот на времето, така што одвреме-навреме ќе треба да правите нови листи. Можеби како тинејџери сте биле несреќни поради тоа што не сте биле независни, кога сте станале возрасни парите ви предизвикувале најголеми грижи, а понатаму и здравјето прераснало во проблем.

Откако ќе завршите со оваа листа, земете го второто парче хартија за да ја организирате листата на таков начин што ќе ги наведете нештата што ви предизвикуваат тага по ред, почнувајќи од тоа што ве прави најнесреќни. Погледнете ја вашата средена листа и ставете знак минус пред нештата што не можете да ги смените, односно тие што не се под ваша контрола и ставете знак плус пред нештата што можете да ги промените, односно оние што се под ваша контрола.

Втор чекор: Прифатете ги нештата што не можете да ги смените

За овој чекор ќе ви требаат нештата од вашата листа со знак минус, но и отворено срце и ум. Кога ќе ги читате работите што сте ги навеле, можеби ќе сфатите дека некои од минусите може да ги претворите во плусови, а тоа е супер! Но, некои нема да можете да ги смените, како што се невозвратена љубов, лошо однесување на некој член од семејството или колега, здравствена состојба или возраст. Целта е да се помирите со овие работи.

Мора да сфатите дека причинителите на стрес постојат во вашиот живот со причина. Ние созреваме благодарение на тешкотиите кои нѐ прават подобри. Наместо да се вознемирувате поради нештата што не можете да ги промените, бидете благодарни. Секој предизвик носи со себе лекција која треба да ја научите. Сигурно се прашувате која е лекцијата. Дали треба да ве научи на трпение, упорност, емпатија, простување, љубов? Не заборавајте дека и покрај тоа што ќе ја научите лекцијата, вашата издржливост постојано ќе биде ставана на тест во текот на животното патешествие.

3 чекори до среќа: Одлична вежба која ќе ви даде храброст да си го промените животот

Трет чекор: Променете го она што можете

За овој чекор ќе ви требаат нештата од вашата листа со знак плус, како и мотивација и трпение. За секоја работа од вашата листа што можете да ја промените ќе биде потребно посебно решение. На пример, за психичкото здравје и траумите од детството ќе треба да побарате лекарска помош и добар терапевт. За ниската самодоверба ќе треба да усовршите некои ваши вештини и да поработите на вашето тело, односно да вежбате и да се храните здраво. За стресот на работа и финансиските проблеми ќе треба да бидете подисциплинирани, да се образувате или да го промените работното место. Несреќните љубовни врски ќе треба да ги поправите или прекинете. Ако не сте задоволни од политичката ситуација, ќе треба да се вклучите и директно да преземете нешто.

Добрите вести се дека со самото тоа што ќе ги напишете работите што сакате да ги промените, ќе завршите половина од работата. Останатиот дел ќе бара вложување многу труд, енергија и упорност, но сето тоа нема да биде залудно. Со оглед на тоа што вашата листа почнува со најважната работа што треба да ја промените, почнете со некој од проблемите што се наоѓаат блиску до врвот за да забележите најголеми резултати. Но, ако нештата на почетокот од листата бараат огромни животни промени, можете да почнете со оние што се наоѓаат подолу. Кога ќе соберете доволно емоционална сила, ќе можете да се справите и со поголемите причинители на тага.

Не заборавајте дека вие заслужувате да бидете среќни, само ви треба храброст за да ги промените нештата што се под ваша контрола. Запаметете дека вие ја имате главната улога во вашиот живот и никој друг освен вие самите не може да ви ги оствари целите кон кои се стремите.

За да доживеете вистинска среќа, прочитајте кои се 5-те суштински состојки на прекрасното секојдневие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар