3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на кармин

3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на кармин

Полните усни и црвената боја се совршен украс за лицето. Па, доколку сакате да го постигнете овој ефект на природен начин, погледнете ги следниве едноставни трикови покрај кои воопшто нема да ви треба кармин, а вашите усни ќе останат совршени во текот на целиот ден.

3 чекори до природно големи и црвени усни без употреба на кармин

Прв чекор – Направете пилинг на усните со цел да ги отстраните мртвите клетки кожa од нивната површина

  • Направете паста од 1 лажица мед и 1 лажица кафеав шеќер.
  • Нанесете ја пастата на прстите и потоа со кружни движења темелно масирајте ги усните.
  • Откако ќе завршите, измијте ги усните со млака вода.

Втор чекор – За природна, здрава и румена боја, како и зголемен волумен, потребно е да ја подобрите циркулацијата во вашите усни

  • Во 1/4 лажица цимет додајте неколку капки вода и измешајте добро.
  • Нанесете ја мешавината на усните и нежно протријте ги на кратко.
  • Оставете ја да делува неколку минути.
  • Потоа измијте ги усните и освежете ги со хидратантен балсам или мелем.

Трет чекор – За силно црвени усни, употребете природен кармин направен од свежо цвекло

  • Измијте ги усните, а цвеклото исечете го на половина.
  • Со стапче за уши, тријте по внатрешноста од цвеклото сè додека тоа не го впие нејзиниот црвен сок.
  • Намачкајте ги детално усните, но внимавајте да не го надминете работ бидејќи ќе го пренесете црвенилото и на кожата од вашето лице.
  • Оставете го да отстои околу половина час и потоа усните измијте ги со млака вода.
  • За крај, по желба нанесете балсам или проѕирен сјај со цел да се засили ефектот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар