3 бесплатни трикови да ја освежите старата гардероба и да добиете нови модни комбинации
Нема потреба да купувате нова облека. Едноставно применете ги следниве трикови и ќе добиете сосема нови и свежи комбинации. Новите трендови се менуваат од ден во ден, па затоа е и скоро невозможно да ги следите. Да не зборуваме и за тоа колку би страдал вашиот буџет доколку постојано сте во чекор со модата. Па, ако сакате оваа есен да ги освежите вашите омилени парчиња облека, со нешта што веќе ги имате во вашиот шкаф, еве што треба да направите…
1. Додајте каиш
Ако имате широко сако, ова е најдобриот начин да го трансформирате. Истото важи и за кој било фустан или кошула со здолниште. Едноставно додајте впечатлив каиш од вашиот шкаф, и ќе добиете сосема нова модна комбинација. За поголем ефект, додајте и неколку парчиња накит.
2. Облечете ролка
Имате чувство како истата кошула со длабоко деколте да сте ја облекле веќе 100 пати? Применете го овој едноставен трик и под неа облечете ролка во истата или во различна боја. За само една секунда ќе добиете сосема различен изглед.
3. Ставете марама во косата
Овој трик не само што ќе ви ја освежи облеката, туку ќе ви ја освежи и косата. Сè што треба да направите е да одберете долга марама, да ја заврзете околу главата или пак, околу коњското опавче и да ја пуштите да паѓа преку маицата, кошулата или капутот.
Погледнете ги и овие 5 начини како да носите тексас фустан оваа есен.