29 начини да се релаксирате по напорниот ден на работа

29 начини да се релаксирате по напорниот ден на работа

Колку често ви се случува да се вратите дома по напорниот работен ден и да се чувствувате сосема исцрпено и под стрес? Секогаш постои начин да се релаксирате и да се наполните со позитивна енергија. Во продолжение следуваат неколку совети за брзо враќање на насмевката на вашето лице:

1. Пуштете си едно видео на Јутјуб од неповторливиот Боб Рос и неговата емисија „The Joy of Painting“. Покрај тоа што ќе научите да сликате неверојатни пејзажи, неговиот смирен глас и едноставни потези ќе ве релаксираат и ќе ве пренесат во еден друг, креативен свет.

(1) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

2. Мирисајте лимон. Некои истражувања посочуваат дека со инхалација на мириси од лимони или портокали може да се намали стресот, депресијата, заморот, нервозата и анксиозноста.

3. Обидете се со онлајн шопинг. Секогаш може да се најде некое интересно парче облека, чанта, моден додаток, книга…

4. Доколку домашните обврски ви предизвикуваат стрес, доколку сте во можност побарајте помош од професионален сервис или повикајте ги најблиските пријатели кои би можеле да ви помогнат при чистењето и пеглањето. Во добро друштво, нема ни да забележите кога сте ги завршиле обврските.

5. Сепак, доколку треба сами да ја завршите работата, направете го тоа полека и без никаков притисок. Некои истражувања докажуваат дека миењето садови ги намалува стресот и анксиозноста. Поради тоа, застанете смирено покрај мијалникот и ослободете ги мислите.

6. Опуштете се во када полна со топла вода и пријатна миризба. За дополнителна релаксација дозволете си и една чаша вино.

(2) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

7. Обидете се со длабоко дишење, јога или медитација.

8. Вежбајте. Под вежбање може да подразбирате и неколку склекови за време на рекламите додека ја гледате омилената ТВ серија. На тој начин ќе согорите неколку калории, а и ќе се ослободите од стресот.

9. Најдете онлајн водич за медитација, за конкретната состојба во која што се наоѓате.

10. Читајте хороскоп. Дури и да не верувате во астрологијата, читањето хороскоп може да биде едноставна забава која ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од негативните работи.

11. Обидете се со јога која ќе ви помогне да ги стопите анксиозноста и стресот.

(6) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

12. Почнете да читате нова книга.

13. Планирајте некое патување. Без оглед дали тоа патување може да го реализирате дури за неколку месеци, сепак е забавно да пребарувате опции и да гледате неверојатни фотографии од местото коешто сакате да го посетите.

14. Масирајте си ги стапалата.

15. Или гледајте видеа во кои експерти даваат совети како да се релаксирате преку масажа. На тој начин ќе научите нешто ново, а и самото видео може да ве опушти.

16. Јадете авокадо. Авокадото изобилува со витамин Б, што помага во намалувањето на стресот.

(3) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

17. Кога сме веќе кај храната, најдобро може да ве релаксира една голема чинија со шпагети или макарони.

18. Ах, да. Не заборавајте да ги прелиете со омилениот сос.(Не се грижете за калориите, сепак сте имале тежок ден).

19. Излезете на 30-минутна прошетка. Ќе се изненадите колку смирени и со чисти мисли ќе се вратите дома.

20. Гледајте ја омилената серија со својот партнер. Доколку сте сами, поканете ги најдобриот пријател/ка и заедно уживајте во вечерата пред екраните.

21. Оставете ги сите обврски настрана и гледајте прекрасни фотографии од најубавите острови на светот. Тие ќе ве префрлат во една друга димензија и веднаш ќе почувствувате позитивни вибрации. Можеби и ќе добиете идеја за вашата следна дестинација.

(4) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

22. Не грижете се дека премногу се грижите. Според некои истражувања, тоа е знак дека сте многу интелигентни.

23. Напијте се малку вода со лимон пред легнувате в кревет и наутро, веднаш по станувањето од спиење.

24. Обидете се да се смирите со боенки за возрасни. Има голем избор, а можете да ги најдете и онлајн.

25. Лакирајте си ги ноктите.

26. Купете си свежо цвеќе и ставете го во вазна. Така ќе го освежите домот и ќе го наполните со прекрасни мириси и бои.

(5) 29 начини да се релаксирате по напорниот ден

27. Пуштете смешни видеа, особено релаксираат оние во кои главните улоги ги имаат животните.

28. Обидете се со градинарство. Не мора да имате вистинска градина. Доволна е и една саксија во која ќе ги насадите омилените зачини, цвеќиња или можеби некое необично тропско овошје.

29. Доколку не помогне ниту една од претходните идеи, не заборавајте дека секогаш постои сладоледот, слаткиот десерт во комбинација со чаша вино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар