28 животни лекции што би требало да ги научите до 28 години
20-тите години од животот можат да бидат навистина збунувачки. Ова е периодот кога станувате возрасни, самостојни и одговорни за вашиот живот. Па, сосема нормално е понекогаш да се чувствувате изгубено или заглавено. 20-тите се период на голема животна транзиција, а следниве лекции ќе ви помогнат полесно да ја преживеете.
1. Треба да го следите вашето срце. Иако можеби постојано го слушате ова, за секоја одлука што треба да ја донесете, важно е да го следите вашето срце. Вие сте единствената личност која може да каже дали нешто ве прави среќни или не. На оваа возраст, поважно е како вие се чувствувате за одредени нешта, наместо другите.
2. Вреди да ризикувате за љубовта. Можеби сметате дека љубовта е преценета, но таа е нешто прекрасно. Можеби досега неколкупати ви го скршиле срцето, но немојте никогаш да се откажете од љубовта. Секогаш вреди да ризикувате за неа. Подобро е уште еднаш да бидете повредени, отколку никогаш повеќе да не почувствувате љубов.
3. Потребни ви се само неколку вистински пријатели во животот. Ова не значи дека треба да отстраните голем број пријатели и да ги одберете омилените, туку како што созревате, ќе сфатите дека квалитетот на пријателството е многу поважен од тоа да имате стотици пријатели кои воопшто не се грижат з вас.
4. Немојте самите да си поставувате дијагнози. Можеби Гугл ги има одговорите на сите ваши прашања, но понекогаш е потребно да побарате помош од професионалец. Она што ќе го прочитате на Интернет може да ве вознемири, за на крај да излезе дека воопшто не е вистина. Па, опуштете се и кога има потреба, одете на лекар.
5. Грижете се за вашето здравје. Навистина посветете се на ова. Веќе ги привршувате 20-тите, па не можете да јадете нездрава храна како кога сте имале 18 години. Нештата се поразлични сега. Потребно е да научите да се грижите за себе, за подоцна да ги почувствувате придобивките.
6. Бидете трпеливи. Животот нема да ви се случи преку ноќ. Потребно е напорно да работите за нешто што навистина го сакате. Не заборавајте дека сè што е тешко да го добиете, вреди да го имате.
7. Бидете оптимисти, но не премногу. Најчесто оптимизмот е клучен за успех. Кога сте позитивни за нешто, постои голема можност да успеете. Бидете позитивни, но не претерувајте со самодовербата. Понекогаш нештата нема да одат по вашиот план и само ќе бидете повредени или обесхрабрени.
8. Понизноста е клучна. Бидете скромни во секој дел од животот. Можеби се чувствувате одлично кога се фалите за новиот автомобил или кога победувате во сите дебати. Но размислете што навистина добивате од тоа. Нема да станете поубави или побогати само затоа што сте победиле во секој расправа. Не заборавајте дека врските се поважни од сите материјални нешта што ги имате.
9. Вашата среќа не треба да зависи од никој и ништо. Вие сте убави и сте на овој свет со причина. Не ви треба ничие признание, ниту пак треба да се чувствувате поважно од другите ако имате повеќе. Важно е да знаете дека сте убави, дури и без никој да ви го каже тоа.
10. Вие ги учите другите како да ве третираат. Веројатно сте слушнале дека не треба да им го правите на другите она што не сакате да ви го прават вам. Па, бидете добри со луѓето околу вас, научете да ширите љубов и добрина, и за возврат ќе го добиете токму тоа.
11. Научете да простувате. Ова значи да им простувате на другите, но и да си простите себеси. Кога ќе можете да си простите за грешките од минатото, ќе можете да продолжите да се движите напред. Немојте да ја оставате омразата во вашето срце бидејќи само ќе ве кочи.
12. Прифатете ги нештата што не можете да ги промените. Постојат многу работи во животот што ќе ве полудат, но за жал не можете да ги промените. Ќе се соочите со многу нешта кои нема да можете да ги контролирате. Во овие ситуации треба само да го прифатите тоа. Ќе биде тешко поголемиот дел од времето, но потребно е да имате верба и да верувате дека вистинските работи ќе се случат во вистинско време.
13. Научете да покажете благодарност. Кога ќе научите да се заблагодарите, ќе можете да кажете како навистина се чувствувате за одредени нешта. Размислете за работите за коишто сте благодарни и покажете го тоа со добри дела. На овој начин ќе дадете нешто назад, дури и кога нема потреба.
14. Храброста не е отсуство на страв. Стравот секогаш ќе биде со вас. Она што треба да го сфатите е да погледнете над него и да го направите потребното, без разлика колку е страшно.
15. Сакајте се доволно за да го пуштите она што не ви е потребно. Доколку, на пример, сте во токсична врска, важно е да ја знаете вашата вредност и да се ослободите од тој товар. Заслужувате да бидете со личност која ве сака онакви какви што сте. Заслужувате личност која ќе ве прави среќни и којашто ја знае вашата вредност. Ова важи и за сè останато во вашиот живот.
16. Не можете да ги поправите луѓето. Ова само ќе ве фрустрира. Луѓето ќе прават грешки без разлика на вашето дело, а по пат ќе грешите и вие. Саканите ќе ве разочараат, ќе ве повредат и ќе ви го скршат срцето, а вие ќе треба да се справите со тоа. Луѓето ќе се променат на подобро само ако сфатат дека тоа е подобро. Она што можете да го направите е да ги инспирирате и да ги потсетите што е добро и правилно.
17. Пијте повеќе вода. Нанесувајте заштитна крема. Грижете се за кожата и за телото. Не станувате помлади. Доколку не го правите ова сега, почнете што е можно побрзо.
18. Престанете да се жалите. Има милиони луѓе ширум светот во полоша состојба. Некои луѓе немаат храна, некои немаат дом. Некои деца се целосно осамени, а некои страдаат од неизлечиви болести. Нормално е да имате лоши денови, но секогаш обидете се да бидете благодарни за она што веќе го имате. Поради постојаното жалење, често забораваме дека имаме нешта за кои другите можат само да сонуваат.
19. Најдете време да ги цените другите околу вас. Никогаш не можете да погодите низ што минува некој. Не можете со сигурност да кажете дека личноста којашто се смее е навистина среќна. Научете да ги цените луѓето, дури и за нивните најмали обиди и успеси. Бидете добри со сите околу вас. На сите им е потребно тоа.
20. Слушајте. Престанете толку многу да зборувате и научете како да ги слушате другите. Слушнете што имаат да кажат. Понекогаш толку многу сме внесени во нашите проблеми, што забораваме на другите. Учете од другите, бидете скромни и имајте отворени ум и срце. Никогаш не знаете колку можете да созреете слушајќи ги луѓето околу вас.
21. Користете ги социјалните мрежи само за добро. Факт е дека социјалните мрежи се голем дел од нашите животи. Па пред да објавите или да коментирате нешто, добро размислете дали вреди и дали ќе повредите некого.
22. Никогаш не престанувајте да сонувате. Секогаш имајте некаква цел, така што секој ден ќе бидете инспирирани. Сонувајте големо и кажувајте си дека еден ден ќе успеете. Нема да биде лесно, но што и да се случи, дајте сè од себе за да успеете.
23. Научете да преземате ризици. Ќе го разберете животот само кога ќе им дозволите на неочекуваните нешта да се случуваат. Звучи навистина страшно, но нема да научите ништо доколку не излезете од удобната зона. Зачекорете во вистинскиот свет и направете нешто. Нема секогаш да успеете и нема да биде лесно. Ќе правите грешки, а некои одлуки ќе предизвикаат лоши последици. Но, на овој начин учите. На овој начин созревате како личност.
24. Светот не е секогаш среќно место. Веројатно често сакате да мислите дека светот е убаво место со убави луѓе. Тоа е одлично, но не очекувајте премногу за да не бидете разочарани. Понекогаш светот може да биде навистина суров. Ова не треба да ве обесхрабри, туку да ве инспирира да направите нешто добро, без разлика колку е мало.
25. Правете го она што ве прави среќни. Како што станувате постари, треба да научите мудро да го трошите вашето време. Доколку вашата работа ве прави мизерни, сериозно размислете да ја промените. Животот е премногу краток за да не правите нешта што навистина ве радуваат.
26. Постојано кажувајте им на саканите дека ги сакате. Повторно ќе нагласиме – животот е премногу краток. Можеби вашата девојка знае да биде досадна, или најдобриот пријател ве иритира со неговите навики, но овие луѓе се во вашиот живот со причина. Бидете благодарни што постојат. Секогаш давајте им до знаење дека ги сакате и дека сте благодарни што се во вашиот живот.
27. Престанете да мислите дека сте сфатиле сè. Можеби не сакате да го признаете ова, но тоа е вистината. Можеби и никогаш нема да сфатите сè, и тоа е сосема во ред. Токму на овој начин ќе учите и созревате. Па, прифатете ги предизвиците на животот и продолжете напред.
28. Молете се. Без разлика дали верувате во Бог или во универзумот, ќе се чувствувате подобро кога ќе знаете дека некој или нешто ве води. Дури и да не верувате во ништо, кога ви е лошо, кратката молитва ќе ви помогне да се опуштите.
Погледнете и кои се очигледните животни лекции кои пребрзо ги забораваме.