28 работи што ќе почнат да ви се случуваат откако ќе наполните 25 години

28 работи што ќе почнат да ви се случуваат откако ќе наполните 25 години

Датум: 20 ное 2017
Коментари: исклучени

Иако сте сè уште млади, кога ќе наполните 25 години ќе почнете да сфаќате дека всушност растете. Ќе се соочите со многу животни промени кои понекогаш ќе ви изгледаат страшни. Погледнете што ве очекува кога ќе стигнете до оваа возраст.

25-raboti-koi-kje-se-sluchat-otkako-kje-napolnite-25-godini-kafepauza.mk

1. Ќе излегувате само една вечер од викендот. Или петок или сабота, речиси никогаш и двата дена.

2. Ако излезете повеќе од 2 дена по ред, потребна ви е цела недела за да закрепнете.

3. Секој кој е на возраст од 20 до 23 години го гледате како бебе, иако сте само 2, 3 години постари од нив.

4. Почнувате да го чистите лицето пред спиење наместо да си легнувате со шминка.

5. Почнувате да користите продукти против стареење и секој ден нанесувате крема за навлажнување на кожата.

6. Почнувате да имате разни хобија наместо само да пиете за викендите.

7. Сметате дека треба да се храните поздраво поради нештото наречено метаболизам.

8. Почнувате да донесувате одлуки кои всушност се добри за вашето здравје. Не излегувате да пиете до 4 наутро веднаш откако сте оздравиле од грип.

9. Почнувате да купувате работи кои се добри за вашето здравје, како на пример 14 вида есенцијални масла кои прават вашиот дом да мириса на лаванда.

10. Вашата почетна на Фејсбук полека се претвора од девојки со кратки здолништа во девојки во венчаници.

11. Сите околу вас почнуваат да се венчаат.

12. Сите магнети на вашиот фрижидер служат како потсетници за важни настани.

13. Повеќе не можете да го користите изговорот „Само што завршив со студирање“ ако сè уште сте невработени.

14. Морате да пресметате пред колку време сте дипломирале, бидејќи сигурно поминале барем 3 години.

15. Не ви е познат јазикот кој го користат децата, а ако го знаете не се чувствувате пријатно кога го користите.

16. Се чувствувате 10 години постаро кога ќе речете: „Јазикот кој го користат денешниве деца…“

17. Помалку се грижите за изгледот, а повеќе за удобноста. Ниските чевли не прават да изгледате добро како оние со високи потпетици, но не ви е грижа за тоа.

18. Почнувате да кажувате работи како: „Не можам да го правам тоа како порано“.

19. Гледате стари фотографии и кажувате работи како: „Тоа беа добри денови“.

20. Секој викенд имате ноќ за себе кога не правите ништо.

21. Веќе сте ги изгледале сите популарни ТВ серии и филмови.

22. Почнувате да купувате работи за чистење, како правосмукалка, бидејќи не можете да живеете во неред како кога сте биле студент.

23. Сфаќате колку се скапи работите за чистење. Вашата правосмукалка може да чини колку месечната кирија.

24. Секогаш размислувате за тоа како ќе ја платите киријата. Многу често не ја купувате облеката која сметате дека не ви е толку потребна.

25. Размислувате за стареење и велите дека никогаш не сакате да имате 26 години, а тоа ќе се случи наредната година.

26. Подобро ви е да купите евтино вино и да го испиете дома наместо да давате пари за скап коктел во некој ресторан.

27. Уживате во купувањето покуќнина.

28. Почнувате да штедите за кога ќе бидете во пензија.

Погледнете ги лошите навики од кои треба да се ослободите пред да наполните 25 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини