28 кратки и сурови потсетници за сите луѓе во нивните 20-ти
Сега сте во период кога целиот живот ви се менува. Созревате, станувате независни, ја почнувате првата работа и на некој начин станувате возрасна личност. Бидејќи ова е навистина збунувачки и понекогаш тежок период, ова се потсетниците што треба да ги чуете.
1. Бркањето на луѓето кои не сакаат да бидат фатени е трка на идиоти.
2. Другите луѓе не мислат на вас толку често, па престанете да се грижите што се случува во нивните глави. Тие се повеќе фокусирани на себе.
3. Никој не е обврзан да ве сака.
4. Животот е тежок и хаотичен и полн со скршени срца, но тој е единственото нешто што навистина го имате, па секако треба да дадете сѐ од себе додека трае.
5. Понекогаш напорната работа нема да ви го даде она што го сакате, но тоа не значи дека треба да се откажете.
6. Само вие сте одговорни за начинот на којшто реагирате на настаните.
7. Најчесто не можете да ги контролирате нештата што ве прават несреќни, па престанете да се жалите и направете ги потребните промени.
8. Озборувањето е мрзливо, разговарајте за нешто навистина важно.
9. Светот не е свртен против вас, па престанете да се однесувате како да е.
10. Личноста којашто сте кога никој не ве гледа кажува многу повеќе за вас, за разлика од моментите кога сите ве гледаат.
11. Во ред е и човечки да се прават грешки. Но, не е во ред никогаш да не размислувате како да го извлечете доброто од тие грешки или барем како да не ги повторите.
12. Не секој ќе ги одобрува вашите одлуки, но ако вам ви изгледаат правилно, тогаш тоа е единственото важно нешто.
13. Спротивставувањето на промената е трошење на вашата ограничена енергија, па најдете начин да се прилагодите на неа.
14. Сосема во ред е да се ослободите од сите емоции, но ако го правите тоа до степен на жалење без намера да преземете нешто, не само што го трошите вашето време, го трошите и времето на соговорникот.
15. Воопшто не е привлечно да бидете неодговорни. Пораснете и направете го она што треба за да станете функционална личност.
16. Грешите многу почесто отколку што мислите.
17. Во ред е да побарате помош, но има вредност и во тоа сами да се обидете да направите нешто.
18. Не сите нешта се случуваат со причина, понекогаш едноставно треба да ги прифатите лошите работи.
19. Не секој што не можел да ве сака е идиот. Едноставно животот понекогаш е таков.
20. Дури и ако не сте онаму каде што сакате да бидете во животот, можете да најдете начин да функционирате со она што веќе го имате. Благодарноста ќе ви се исплати многу.
21. Ако се прашувате дали некој се грижи за вас или не, најверојатно причината е бидејќи одговорот е не.
22. Постојаното размислување за она што би требало да го направите во минатото нема да промени ништо, освен што ќе ве направи мизерни.
23. Ако никому не дозволувате да ви се приближи, не станувате силни и независни, туку исплашени и осамени.
24. Ако размислувате „Ќе бидам среќен/на кога…“ никогаш нема да се случи тоа.
25. Повеќето од нештата за коишто се грижите, всушност никогаш нема да се случат.
26. Изговорите ретко ве оправдуваат за она за коешто ги користите.
27. Простувањето без прво да добиете извинување е неверојатно тешко, но особено важно за созревање и љубов кон себе.
28. Вие сте вашиот најголем проблем, но и вашата најдобра шанса.
Погледнете и кои се фазите на созревање во вашите 20-ти.