28 хигиенски навики благодарение на кои секогаш ќе мирисате убаво

28 хигиенски навики благодарение на кои секогаш ќе мирисате убаво

Само туширањето не е доволно. Може и да се бањате редовно, но пак да произведувате некои лоши мириси. Следете ги овие совети за да го избегнете тоа.

27 хигиенски навики со кои секогаш ќе мирисате убаво

1. Убаво мијте го делот зад ушите. Ако не го правите тоа ќе мирисате како некои стари луѓе.

2. Не штедете на тоалетна хартија после голема нужда, користете уште и уште додека последното парче не биде сосема бело.

3. За истата работа користете влажни марамчиња наместо тоалетна хартија. Тие се многу поефикасни. Треба само да се наменети за интимна нега и да можат да се фрлаат во шолја.

4. Менувајте ја навлаката на перницата на неколку дена. Нечистотијата која останува врз неа предизвикува појава на акни.

5. Чистете ги забите со конец за да го избегнете лошиот здив.

6. Тријте го јазикот со четката за заби за да го избегнете лошиот здив.

7. Користете хидроген пероксид или физиолошки раствор за миење на устата.

8. Кивајте во внатрешноста на лактот.

9. Чистете го папокот.

10. Убаво мијте го просторот помеѓу прстите на нозете.

11. Убаво мијте го перинеумот, односно просторот помеѓу гениталиите и анусот. Тој дел од телото може да произведе многу лоши мириси.

12. Одете на лекар заради чистење на ушите. Дома не можете да ги исчистите како што можете таму.

13. За мажи: Користете бебешка пудра за одржување на хигиената на вашите тестиси.

14. За мажи: Скратете ги или избричете ги срамните влакна и оние под мишките.

15. За мажи: Секојдневно мијте ги тестисите, и по повеќе пати ако треба.

16. Избришете го врвот на пенисот со хартија после мочање.

17. Користете бебешка пудра и за деловите каде што тестисите се тријат од нозете.

18. За жени: Избегнувајте да ја миете внатрешноста на вагината со средства за хигиена. Лекарите велат дека со тоа ја нарушувате вагиналната флора и предизвикувате лоша миризба.

19. За жени: Користете ph-балансиран сапун за вагинална хигиена и не користете жешка вода.

20. Имајте предвид дека дезодорансот за тело не може да надомести за пропуштеното туширање.

21. Мијте го задникот, секој ден.

22. Исчистете ја мртвата кожа од надворешноста на носот.

23. Туширајте се навечер пред да си легнете и ослободете со од килимот. Немојте нечистотиите собрани во текот на денот да ги носите в кревет или да го чувате килимот на кој ги оставате.

24. Тријте си го грбот со четка. И таму се собираат нечистотии.

25. После туширање, исушете ги со фен сите делови на телото каде што имате влакна.

26. Ноктите постојано нека ви бидат уредни – исечени и чисти.

27. За луѓе со прекумерна тежина: Мијте го делот на половината, онаму каде што почнува задникот. Таму се создаваат многу лоши мириси поради потењето.

28. Ако во моментот не можете да се истуширате, под мишките ставете средство за дезинфекција на рацете. Тоа брзо ќе ја елиминира миризбата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Wow, vodorod peroksid za ispiranje na usna praznina? Vo medicinata bez razlika na koncetracijata, se koristi samo za dezinfekcija na povrsinski rani kontaminirani so strani tela, a za ispiranje na usna praznina (cavum oris) se koristi kalium permanganat (KMnO4), duri kaj nepodviznite pacienti so cel da ne se pojavat ragadi na ustata, se premackuva sluzta so glicerinsko maslo.

  2. Сашка Reply

    Многу корисни совети што секој човек би требало да ги практикува !
    Браво.

Остави коментар