26 знаци дека сте фантастичен пар
Да бидете заљубени е неверојатна работа. Среќни сте и имате чувство како да лебдите над облаци бидејќи покрај себе ја имате личноста која со секој кажан збор и направен потег ве носи таму. А доколку следниве 26 знаци ве опишуваат како пар, тогаш тоа е и личноста со која треба да останете.
1. Вашите карактери меѓусебно се надополнуваат, па еден во друг ги будите само најубавите и најкомотни верзии од себе.
2. Ги цените и се интересирате за интересите и желбите на партнерот.
3. Се согласувате како да сте најдобри другари, лесно и природно, имајќи за цел да го направите партнерот среќен.
4. Убаво ви е и се забавувате дури и кога само разговарате.
5. Имате слични вредности и верувања зад кои цврсто стоите.
6. Уживате во истите работи, хобија и интереси и отворени сте за заедно да пробувате нови нешта.
7. Иако вашите ставови не се разликуваат кога се во прашање важни животни прашања, отворени сте за дискусија кога станува збор за секојдневни разлики во мислењата.
8. Способни сте да го насмеете партнерот, а и тој вас, дури и без особено да се потрудите околу тоа.
9. Никогаш не сте си лути еден на друг повеќе од 1 час бидејќи што и да е проблемот, не е толку вреден за вие да останете лути подолго време.
10. Си верувате еден на друг бидејќи знаете дека можете да се потпрете на партнерот за сѐ во животот.
11. Не чувствувате потреба да се контролирате еден со друг.
12. Функционирате добро како тим, но што е уште поважно, функционирате добро и како посебни, самостојни индивидуи.
13. Секој од вас има свои цели и се поддржувате еден со друг при нивното исполнување.
14. Се согласувате со пријателите и семејството на партнерот, а и тој се согласува со вашите најблиски.
15. Меѓусебно иницирате чувства на сигурност и самодоверба, привлечност, независност и гордост.
16. Не ви е потребно многу за да бидете среќни и исполнети. Уживате дури и кога заедно правите наједноставни и најбанални секојдневни активности.
17. Ги сакате малите работи еден кај друг.
18. Заедно се впуштате во нови авантури.
19. Слободни сте и флексибилни еден кон друг.
20. Отворени сте за компромис кога ситуацијата го бара тоа и од двајцата.
21. Кога вашиот заеднички живот подлежи на некоја промена, се справувате со неа со голема стрпливост, правејќи чекор по чекор.
22. Не чувате работи во себе – секогаш си кажувате еден на друг што ве мачи и ги решавате проблемите така што заедно се соочувате со нив.
23. Навистина се слушате еден со друг.
24. И двајцата признавате кога ќе погрешите.
25. Не можете да разберете како други парови може да се караат за некои работи.
26. Се почитувате еден со друг, свесни дека меѓусебното почитување е столб на секоја врска.