26 знаци дека без сомнение сте совршен пар

26 знаци дека без сомнение сте совршен пар

Луѓето се како парчиња сложувалка. Тие постојано го бараат вистинското парче, притоа откривајќи неколку кои не им одговараат, враќајќи ги назад во купчето. Понекогаш неколку паѓаат и на подот и можеби ќе ви делува како засекогаш да сте ги изгубиле, додека пак неколку се едноставно невозможни за пронаоѓање. Но, понекогаш, вие успевате да го најдете парчето кое одговара на вас. Не мора дури ни да го ротирате, тоа едноставно совршено се поклопува. Често истото се случува и со врските. Вие одеднаш го наоѓате вашиот совршен пар и веднаш чувствувате дека сте како наменети еден за друг. Па, дали и вие спаѓате во оваа категорија? Погледнете ги следниве 26 знаци кои укажуваат дека сте одличен пар…

(1) 26 знаци дека без сомнение сте совршен пар

1. Вашите карактери се надополнуваат и кога сте заедно вие го извлекувате најдоброто еден од друг.

2. Вие ги цените и вистински сте заинтересирани за оние нешта за кои и двајцата сте страсни.

3. Се согласувате одлично, исто како со пријателите, природно и едноставно. Дури и кога се расправате, јасно е дека работите кон само една цел – вашата среќа.

4. Можете со часови да разговарате, без притоа да си здодеете еден на друг.

5. Имате слични вредности и верувања до кои и двајцата се придржувате.

6. Уживате во исти нешта, постојано предложувајќи нови интереси и хобија.

7. Вашите погледи кон големите нешта не ви создаваат никаков конфликт, но и покрај сè секогаш сте отворени да разговарате за оние работи кои ви се премногу важни и на двајцата.

8. Можете да го/ја насмеете без воопшто да се потрудите, исто како и тој/таа вас.

9. Помеѓу вас не постои ништо што може да биде причина за одржување лутина подолго од 1 час. Понекогаш дури ни толку.

10. Вие неизмерно си верувате еден на друг. Дури и ако станува збор за вашите најголеми несигурности, знаете дека можете да се потпрете на вашиот партнер.

11. Немате желба да го контролирате вашиот партнер, ниту пак тој/таа вам.

12. Одлично функционирате како тим, и покрај тоа што сте 2 индивидуи со уникатни таленти и интереси.

13. Имате сопствени цели и планови, но се поддржувате еден со друг.

(2) 26 знаци дека без сомнение сте совршен пар

14. Совршено се вклопувате помеѓу вашето семејство и пријатели.

15. Кога сте заедно, се чувствувате самоуверено, атрактивно, независно и гордо еден на друг.

16. Не ви е потребно многу за одлично да си поминете заедно. Понекогаш дури и наједноставните ситници можат да ви предизвикаат најголема забава.

17. Ги сакате дури и најмалите нешта еден кај друг.

18. Вие постојано се впуштате во нови авантури заедно.

19. Флексибилни сте еден со друг и имате многу трпение.

20. Секогаш сте отворени за компромис, како и за разговор за сите видови потешкотии.

21. Полека се движите низ времето, далечината и промените. Секогаш еден покрај друг.

22. Немате скриени и недовршени проблеми. Вие ги отворате сите карти на маса, бидејќи верувате дека е добро вашиот партнер да ги познава сите ваши страни.

23. Активно се слушате и никогаш не се осудувате.

24. Отворено признавате вина, доколку навистина сте згрешиле нешто.

25. Не можете да ги разберете поголемиот дел од проблемите кои другите парови ги имаат.

26. Се почитувате, бидејќи знаете дека без разлика на тоа што животот го планира за вас, вие едноставно припаѓате еден со друг. Исто така сте и најдобри пријатели, што ве прави незапирливи како пар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар