26 мали, но моќни потсетници за сите што имаат 26 години!
Вие се наоѓате во период на многу промени и себеиспитување. Повеќе не сте деца, ниту адолесценти, туку веќе влеговте во период на зрелост. Сепак, може да не се чувствувате доволно зрели од некои причини кои само вам ви се познати. Годините се само бројка, може да имате 36, а да се чувствувате како да имате 16. Ако имате 26 години тогаш овој текст е наменет за вас. Но, овие потсетници се универзални и можат да ги применат луѓето од сите возрасти!
1. Едно нешто е да бидете реални и да знаете во што сте добри, а друго е да знаете што треба да поправите, но секогаш бидете љубезни кон себе. Нема постојано да правите правилни нешта и тоа е во ред бидејќи тоа е дел од процесот на целосно созревање.
2. Споредувањето на вашиот напредок со напредокот на друга личност е неминовно. Другите нека ви бидат инспирација наместо да се чувствувате лошо кога нема да успеете во остварување одредени цели.
3. Најдете време за да дефинирате што значи „успех“ за вас. За некои тоа може да биде дипломирање, потоа пронаоѓање стабилна работа и евентуално започнување на семејство. За вас може да биде различно. Не дозволувајте никој да го дефинира успехот за вас бидејќи на тој начин ќе им дадете можност за еден вид контрола над вашиот живот.
4. Смислете алтернативен план во случај вашата кариера да не биде успешна. Ова може да звучи малку обесхрабрувачки, но мора да го направите за да имате најмалку една идеја како да започнете одново.
5. Секогаш наоѓајте време за оние што ви значат. Дури и еден брз видео повик или кратка, но слатка порака: „Здраво, како си?“, се сосема доволни.
6. Ќе се чувствувате осамени и никаква количина на работа нема да го избрише тоа чувство. Можеби ќе се чувствувате засрамено за да се обратите некому и да му ставите до знаење како се чувствувате, но верувајте дека оние што искрено ве љубат ќе ве ислушаат и ќе направат да се чувствувате сакано и значајно.
7. На врските треба да се работи. Можеби веќе некое време сте сами. Дури и ако имате лошо мислење за себе, знајте дека некој некаде ќе ве прифати токму какви што сте. Ќе ви биде од корист ако се покажете и се обидете.
8. Правете фотографии од луѓето, работите што ги сакате или што ви се убави, па дури и од местата каде што вообичаено одите. Одржувајте ги вашите спомени. Промените се случуваат постојано и убаво би било да имате еден вид сувенир што ќе ве потсети како било некогаш.
9. Продолжете да растете и да учите. Правете го тоа ако сакате да станете најдобрата верзија од себе, не за да го импресионирате светот туку бидејќи тоа ќе ве исполнува.
10. Пијте вода и јадете добро. Точка!
11. Восхитувачки е да знаете точно што сакате да правите, но исто е сосема во ред ако не знаете што сакате да правите. Секако дека ќе сфатите на крајот, само продолжете да се движите.
12. Одберете хоби. Уште подобро ќе биде ако одберете хоби за коешто никогаш не сте биле подготвени да го пробате.
13. Не се чувствувајте виновно ако ги поминувате викендите не правејќи ништо. Не се потребни дополнителни објаснувања.
14. Не се чувствувајте глупаво ако плачете, ако сте лути или ги ослободувате вашите емоции.
15. Вие не сте совршени, баш како и сите останати.
16. Бидете повеќе самосвесни. Треба да знаете кога не сте биле во право, но не барајте изговори од типот дека „никој не ве разбира“ или дека „тие не можат да ја поднесат реалноста“.
17. Нема ништо срамно ако признаете дека сте погрешиле и се извините поради тоа. Но, секако треба да ја научите лекцијата.
18. Истражувајте нови места кога ќе бидете во можност, пробајте ново јадење, слушајте различни музички жанрови или гледајте филм кој вообичаено не би го гледале.
19. Треба да направите детоксикација од социјалните медиуми, и тоа треба да го практикувате одвреме-навреме.
20. Нема сите да се однесуваат со вас на начинот на кој вие се однесувате кон нив. Најдобриот начин да се соочите со ова е да не очекувате дека секој ќе постапува реципроцитетно на вашите постапки.
21. Немојте да паднете во замката дека треба да бидете зафатени 24/7. Ако ви треба слободно време – земете го бидејќи заслужувате време за себе.
22. Пејте од срце и играјте повремено. Не е воопшто важно колку сте добри во тоа, а ако повеќе ви одговара, правете го тоа само кога сте сами. Ослободете се себеси.
23. Не брзајте во ништо (ниту правете) само бидејќи луѓето ве подбуцнуваат или бидејќи сите други го прават тоа.
24. Вашите грешки не ве дефинираат вас и не треба да ве уназадуваат.
25. Носете што ќе посакате.
26. Ако се наречете себеси „компир“ тоа сметајте го како комплимент. Компирите можат да дојдат во каква било форма и големина, а нив сите ги сакаме.
Дознајте и кои се тие 25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш.