25 совети од сосема обични луѓе што вредат да се запомнат
Постојано читаме совети од познати писатели, филозофи, ѕвезди… но понекогаш најдобрите насоки можеме да ги добиеме токму од луѓето околу нас. Со таа цел ви издвојуваме совети од сосема обични луѓе што можат да ви помогнат да го пронајдете својот пат и да го подобрите животот…
1. Чудни сте и тоа е во ред. Не слушајте ги другите, бидете свои бидејќи само тоа е важно!
2. Луѓето ќе имаат различни мисли, ставови и намери од вашите. Важно е да го знаете тоа пред да прозборите или да дејствувате.
3. Бидете позитивни во сè што правите. Фокусирајте се на добрите нешта во животот, не на лошите.
4. Не дозволувајте никому да ви кажува што треба да правите или кои треба да бидете.
5. Не плашете се од тоа што го чувствувате. Љубовта е нешто прекрасно.
6. Сосема е во ред ако паднете и ја изгубите својата жар. Но кога повторно ќе станете, погрижете се да горите како огнот!
7. Секојдневно поставувајте си мали и лесно постигливи цели и работете на нивното остварување.
8. Не се откажувајте од нешто само затоа што сте повредени. Искористете ја таа болка и насочете ја право кон вашите цели.
9. Сосема е во ред да побарате помош ако имате потреба од неа.
10. Престанете да чекате нештата сами да се случат. Ако сакате нешто да се случи, не треба да се двоумите. Понекогаш втората шанса едноставно нема да дојде.
11. Смејте се повеќе и останете на позитивната страна, бидејќи нештата ќе се подобрат.
12. Сè е во ред со вас. Вие сте сè што треба да бидете – ништо повеќе, ништо помалку.
13. Само затоа што се плашите од нешто, не значи и дека не треба да се обидете.
14. Секогаш мачкајте се со заштитен фактор пред излегување од дома.
15. Не плашете се да го кажете тоа што го мислите.
16. Правете го најдоброто што можете и со тек на време ќе ги остварите и невозможните цели.
17. Кажувајте им на луѓето како навистина се чувствувате, без разлика на начинот на кој би можеле да ви одговорат. Кога ги ставата чувствата на прво место, сè ќе ви изгледа полесно.
18. Жал ми е. Луѓето што треба да ви се извинат, нема да го направат тоа, па затоа јас ви кажувам.
19. Не му дозволувајте на стравот да ве спречи. Ако имате сон, следете го и бидете благодарни подоцна.
20. Никој нема право да биде во вашиот живот… тоа е привилегија што треба да се заслужи и одржи.
21. Престанете да се грижите за тоа што другите го мислат за вас! Одлуките што ги носите не постојат за другите да ги осудуваат.
22. Сакајте се себеси безусловно.
23. Силата не доаѓа со самотијата. Најиздржливи ќе бидете кога ќе им дозволите на другите да ви се приближат.
24. Животот не е трка. Одвојте си време за себе и движете се полека кон крајната цел.
25. Најдете ја вашата страст и потопете се во неа.
Прочитајте ги и овие 6 совети за подобар живот!