25 работи од кои треба да се ослободите до следниот роденден - Part 2

25 работи од кои треба да се ослободите до следниот роденден

15. Желбата да ги смените луѓето околу вас

Ако другите увидат дека се обидувате да ги промените, само повеќе ќе ве мразат. Бидете им инспирација, но не и директен поттикнувач на промената што сакате да ја постигнете кај нив.

Пред да го прославите следниот роденден, ослободете се од...

16. Материјалните проблеми

Парите се неопходни за пристојна егзистенција, но ако имате покрив над глава и што да јадете, вие сте повеќе од среќни.

17. Потребата да бидете некој друг

Убаво е да се развивате и менувате во позитивна насока, но не и да следите нечии туѓи инструкции за тоа како треба да се однесувате.

18. Строгите планови

Планирањето е добро, но флексибилноста е уште подобра. Не мора секогаш да се држите до строго одредените планови.

19. Малите каприци

Не дозволувајте малите каприци, како на пример, да бидете први што ќе го имаат најновиот ајфон, да завладеат со вашиот живот.

20. Стравот од искажување на став

Животот е прекраток за да се плашите да ги покажете чувствата. Покажувајте став во односите со другите и ќе ви биде многу полесно и подобро.

Пред да го прославите следниот роденден, ослободете се од...

21. Заборавете на лутината

Бесцелна емоција која буквално не води никаде.

22. Престанете со оправдувањата

Време е да преземете одговорност за сѐ што правите.

23. Заборавете на љубомората

Исто толку бесцелно чувство, како и лутината. Не води никаде и само создава повеќе горчина. Сменете се и радувајте се на она што го имате во моментов.

24. Грижењето за иднината

Треба само да бидете подготвени за она што доаѓа, а не и загрижени. Тоа само го уништува сегашниот момент.

25. Верувањето дека е прекасно да започнете одново

И за крај, немојте да мислите дека е предоцна за промена. Сменете го она што не ви се допаѓа кај вас, поставете си цел и направете сѐ за да ја остварите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар