25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

Работите одеднаш преку ноќ почнуваат да ви се менуваат. Вашето тело се менува, вашите мисли се менуваат, па дури повеќе не можете да си го препознаете ни вашето однесување. Ова се случува на преминот од детството во тинејџерството. Но, не сите работи се онака како што вам ви изгледаат во овој момент. Откријте за што станува збор…

25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

1. Вие изгледате многу подобро отколку што во моментов се доживувате.

2. Вие сте попопуларни отколку што мислите.

3. Вашите родители се многу покул отколку што мислите. Но, тие се малку помалку кул отколку што тие мислат.

4. Вашите родители грешат понекогаш. Вие грешите почесто.

5. Која било „возрасна“ активност ја прават многу помалку луѓе отколку што вие мислите.

6. Која било „возрасна“ активност навистина ја прават многу помалку луѓе отколку што кажуваат дека ја прават.

7. Луѓето не размислуваат за вас. Тие размислуваат за она што вие го мислите за нив.

8. Вие влегувате во период на мала лудост. Откако ќе излезете од адолесценцијата и ќе се навратите наназад ќе сфатите колку сте биле луди. Особено девојчињата.

9. Тинејџерите момчиња се најлоши. Тие се груби, бесни и целосно луди, но најчесто стануваат многу добри во своите 20-ти.

10. Вашиот здив е сосема во ред.

11. Вашето тело мириса нормално.

12. Не можете да се судрите со носовите. Не можете да се „закачите“ со протезите. Понекогаш можете да се судрите со забите. Усните може да испукаат, но за тоа е потребно многу долго време. Е сега знаете сè што постои за опасноста при бакнувањето.

13. За малку ќе заборавевме. Многу лесно можете да добиете „шљивка“. Токму затоа ако ја добиете, сигурно ќе се обидете да ја скриете. Вашите родители и наставници подеднакво ќе се преправаат дека не ја забележале или пак, дека не знаат што е.

14. Најчесто оние кои се кул и популарни како тинејџери не успеваат толку многу понатаму во животот.

15. Најголемите бубалици се оние кои добиваат Нобелови награди.

16. Ниту еден наставник не ве мрази. Тие едноставно не размислуваат на тој начин. Добрите наставници ќе ве сакаат малку или многу. Лошите едноставно не се грижат за вас, но дефинитивно нема да ве мразат.

17. Вашите родители не ве мразат. Вашите родители ве сакаат многу повеќе отколку што во моментов можете да сфатите.

18. Доколку нешто е нелегално, сигурно постои добра причина за тоа.

19. Нештата кои мислите дека ќе ве вовлечат во голема неволја, не се толку сериозни како што вие гледате на нив во моментов.

20. Работите кои вие ги сметате за опасни сигурно се многу поопасни отколку што верувате.

21. Тетоважите траат екстремно долго време. Истражувањата покажале дека само 1% од тинејџерите кои ставиле тетоважа сè уште ја сакале и по 10 години.

22. Пирсовите на нос и јазик може да траат онолку долго колку што вие сакате тие да траат, но премногу ќе ги вознемируваат вашите родители.

23. Вие не сте заглавени. Тоа ќе заврши. Но, потребно е долго време.

24. Кога ќе влезете во просторија каде што сите се смеат, вие не сте нивната тема на разговор.

25. Доколку влезете во просторија каде што сите се смеат, а вие неодамна сте го испразниле својот нос и сите покажуваат кон зеленото нешто што виси во работ на вашиот вид, тогаш правилото број 24 не постои.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар