25 непријатни работи кои треба да ги направите ако не сакате да се каете во вашиот живот
Животот е доволно тежок и без жалењето за пропуштените можности, изгубената љубов и неискористените шанси да го кажете она што го мислите. Ако сакате да го извлечете најдоброто од вашиот живот, потребно е да направите и неколку работи кои нема да ви бидат пријатни. Во продолжение погледнете некои од овие работи кои ќе направат да не се каете за ништо во вашиот живот.
1. Кажете што мислите кога нешто не ви се допаѓа. Ќе имате само една шанса да промените нешто.
2. Соберете храброст да се држите до работите кои ви се важни. Премногу лесно дозволуваме да нè контролира мислењето на другите.
3. Запрашајте се дали сте личноста која сте сакале да станете кога сте биле мали. Ако не сте, почнете да работите на тоа.
4. Оставете ги работите кои не ви се важни. Кога сте во вашите 20-ти сè ви изгледа важно.
5. Почнете да живеете и надвор од социјалните мрежи наместо постојано да создавате лажна слика за вашиот измислен живот.
6. Ако сте избувливи, отстранете ја таа навика. Немате никаква корист од неа.
7. Разговарајте за светот, за политиката, за хобијата, за храната… Разговарајте за што било наместо за други луѓе и нивните недостатоци.
8. Престанете да си кажувате дека сте „дебели“. Кога ќе ве нема, никој нема да се сеќава како сте изгледале. Сите ќе се грижат за тоа колку добра личност сте биле.
9. Заинтересирајте се за другите луѓе, и навистина мислете го тоа. Учењето од другите е одличен начин да научите и нешто повеќе за себе.
10. Престанете да бидете што било друго освен добра и сочувствителна личност. Кога ќе бидете добри ќе имате многу радост и задоволство во вашиот живот. Никој нема да се грижи за вашето мислење ако не се однесувате добро со другите луѓе.
11. Дајте си простор за одмор и за да згрешите нешто. Обрнете внимание на нештата кои се случуваат во овој момент и дозволете си да уживате.
12. Читајте. И тоа многу. Немојте да се ограничувате со она што е на Интернет. Сè уште постојат вистински книги.
13. Бидете добри. Најлесен начин да го направите ова е секогаш да ги ставате чувствата на другите пред вашите.
14. Нема случајно да се сопнете на вашата сродна душа. Потребно е да излезете и да ја пронајдете.
15. Немојте да трошите пари што ги немате. Давајте пари секогаш кога можете да го направите тоа. Насочете се кон финансиски успех рано и подоцна ќе ви биде драго што сте го направиле тоа.
16. Трофеите и медалите не ве прават подобра личност. Вашите навики го прават тоа. Секојдневно работете на вашето подобрување и ќе станете личноста која сакате да бидете.
17. Поставете си животна мисија. Користете ја за да ви помогне да донесувате одлуки и да ве води низ животот.
18. Немојте да ги мамите луѓето и да ги уништувате пријателствата. Сметате дека отказот кој ќе го дадете денес нема да има влијание на вас после 5 години? Размислете повторно. Паметно донесувајте одлуки за да не почнат да ве прогонуваат во иднина.
19. Замолете ги луѓето да бидат искрени со вас. Без разлика дали се согласувате или не, важно е да слушнете што имаат да кажат и другите.
20. Обрнете внимание кога се чувствувате неудобно за нешто. Тоа ви е можност да научите и да созреете.
21. Немојте да ги обвинувате другите за вашите проблеми. Преземете ја одговорноста за она што ви се случува и обидете се да го решите проблемот.
22. Пронајдете ја вашата цел и ќе го најдете задоволството.
23. Создадете дом за себе без разлика во која фаза од животот сте. Без разлика дали сте во подрумот на вашите родители или пак во некој голем град, секогаш бидете задоволни и среќни со она што го имате.
24. Заборавете го она што го гледате на Интернет. Животот се случува пред вашите очи. Излезете и живејте го.
25. Извлечете го најдоброто од вашиот живот со тоа што никогаш нема да ги потиснувате љубовта, мислите, идеите и желбите.
Без разлика дали сте во вашите 20-ти или пак, само што сте ги започнале 30-тите, постојат многу начини на кои можете да ја промените насоката на вашиот живот. Првиот чекор е да направите листа слична на оваа која ќе ги содржи работите кои ви се најважни. Секогаш очекувајте го најдоброто од себе. Немојте да им ја давате таа одговорност на другите. Кога очекувате нешто од другите, речиси секогаш ќе бидете разочарани. Кога очекувате нешто од вас, вие си создавате можност да станете нова личност.
Прочитајте ги и овие неверојатни кратки совети за подобар живот.