25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана - Part 2

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

12. Жолчката од јајцето содржи многу повеќе хранливи материи од белката

Жолчката ги содржи сите корисни витамини и минерали потребни за балансирана исхрана. Сигурно знаете дека ако држите диета белката е подобар избор, но ако имате потреба од хранливи материи консумирајте ја жолчката. Иако има повеќе холестерол од белката, не заборавајте дека и тој му е потребен на вашето тело.

13. Морското оревче може да предизвика халуцинации

Ако изедете премногу морско оревче, можно е да халуцинирате. Ќе почувствувате гадење, вртоглавица и проблеми со концентрацијата.

14. Васабито е обоен рен

Ако уживате во суши со васаби, треба да знаете дека најчесто васабито е всушност обоен рен. Најголемиот дел од васабито коешто се служи надвор од Јапонија е рен. Дури и во Јапонија побарувачката е толку голема, што многу често ќе најдете рен измешан со вистинскиот продукт.

15. Бабурите имаат повеќе витамин Ц од цитрусите

Една бабура со средна големина има околу 140 милиграми витамин Ц што е 1,5 пати повеќе од портокалот. Зелените пиперки имаат помалку, околу 113 милиграми.

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

16. Мирисот на чоколадо го намалува стресот и ве смирува

Можеби ако изедете парче чоколадо ќе ви се подобри расположението, но неговиот мирис може да ве смири. Еден британски психолог спровел истражување и дошол до заклучок дека вкусот на чоколадото има смирувачки ефект на нервниот систем и ја намалува напнатоста подобро од кој било друг продукт.

17. Чоколадото е одличен лек за хронична кашлица

Едно истражување од Велика Британија покажало дека чоколадото може да биде добар лек против кашлица. Исто така се покажало дека од него нема несакани ефекти за разлика од другите лекови за кашлица.

18. Научниците можат да направат дијаманти од путер од кикирики

Ден Фрост и неговиот тим научници од Геоинститутот во Германија откриле дека путерот од кикирики содржи доволно јаглерод за да се претвори во дијамант. За да го направат ова, потребно е да се ослободат од целиот кислород во продуктот и да го стават под голем притисок. Бидејќи сите продукти и сите биолошки материјали содржат јаглерод, во иднина би можеле да правиме дијаманти од разни работи.

19. Црвените продукти најчесто содржат кармин, состојка добиена од бубачки

Карминот е природна боја за храна која се добива од кохинеални бубачки. Се наоѓа во многу слатки, па дури и во козметички производи. Многу компании бараат замена за карминот, не бидејќи е штетен, туку бидејќи многу вегетаријанци одбиваат да го јадат.

20. Крекерите се поштетни за вашите заби од слатките

Ова не значи дека и слатките не се штетни за забите. Но, постојат производи кои нанесуваат повеќе штета од нив. Причината е тоа што не е шеќерот оној што ги уништува забите, туку киселината. Кога крекерите се лепат на забите тие создаваат совршена средина за бактерии кои произведуваат киселина.

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

21. Морската сол е иста како и обичната

И покрај верувањето дека морската сол е поздрава и покорисна, таа е потполно иста со обична кујнска сол. Има исто ниво на натриум. Покрај тоа, кујнската сол содржи јод кој помага со тироидната жлезда. Разликата е во начинот на добивање – морската сол се добива со испарување на морска или океанска вода, додека кујнската е од подземни извори.

22. Компирите апсорбираат вифи сигнал

Едно истражување од компанијата Boeing покажало дека имаме нешто заедничко со компирите – способноста за апсорбирање и рефлектирање радио бранови. Бидејќи во компирите има многу вода тие можат да ги апсорбираат вифи сигналите.

23. Сите банани на светот се клонови

Постојат повеќе од 1.000 разни видови на банани, но повеќето од нив се генетска копија на еден вид, Кавендиш. Тие се клонови бидејќи не постои семе за производство. Оваа генетска хомогеност е опасна бидејќи ако некоја болест или паразит ги нападне бананите, ќе има влијание на сите и ќе води до нивно целосно исчезнување.

24. Енергетските пијалаци ви даваат краткотрајна енергија

Многу луѓе веруваат дека енергетските пијалаци им помагаат кога имаат напорен ден. Ова до некаде е вистина, но не на долгорочен план. Големото количество шеќер и кофеин ви ја зголемуваат енергијата, заедно со плацебо ефектот. Но едно 4-годишно истражување направено од страна на експертите од Универзитетот Камило Хосе Цела покажало дека овие пијалаци предизвикуваат несоница и нервоза. Научниците покажале дека овие пијалаци го подобруваат вашиот перформанс само за 3% до 7%, што навистина не вреди.

25. Некоја храна има подобар вкус наредниот ден

Многумина имаат забележано дека одредена храна има подобар вкус наредниот ден, а за ова постои причина. Храната има време да ги апсорбира сосовите и зачините и создава поразличен вкус. Овде спаѓаат тестенините, лазањата и ќофтињата.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за храната кои ќе ве остават без зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар