24 работи што ќе ги разберете само ако вашата мајка ви е најдобра пријателка
Девојките кои се најдобри пријателки со нивните мајки знаат за колку незаменлива врска станува збор. Тие не можат ни да си го замислат животот без мајчината безусловна љубов, совети и поддршка. Уште како мали девојчиња тие биле неразделни од нивните мајки и им се жалеле поради лошите момчиња што ги закачале, но и се смееле заедно со нив на секоја глупост што ќе ја направеле. Денес, таа врска помеѓу мајката и ќерката е исто толку силна, само што преминала на повисоко ниво. Ова се 24-тите работи што ќе ги разберете само доколку вашата мајка ви е најдобра пријателка…
1. Најголемиот дел од пораките што ги имате во телефон се од вашата мајка.
2. Таа е првата личност на која ѝ се обраќате за совет, бидејќи поминала низ многу работи и знае сѐ.
3. Секогаш можете да сметате на нејзината брутална искреност, дури и тогаш кога мислите дека не сакате да ја слушнете.
4. Со неа можете да озборувате и да ги споделите сите детали за момчето со кое излегувате.
5. Таа е вашето единствено рамо за плачење кога некој дечко ќе ви го скрши срцето.
6. Ако носите ист број на чевли, нејзините чевли се и ваши чевли (и обратно).
7. Обожавате да ги поминувате саботните вечери во друштво на вашата мајка со некоја женска романтична комедија и шише вино.
8. Таа е вашиот најголем обожавател на Фејсбук.
9. Барем еднаш сте разговарале за тоа да си направите суптилни идентични тетоважи.
10. Сите од вашето друштво ја сметаат мајка ви за нивна втора мајка.
11. Тие се гледаат со неа дури и тогаш кога вие не сте дома.
12. Сакате да ги следите нејзините стапки и да бидете исти како неа еден ден кога ќе станете мајки.
13. Секогаш одите заедно на шопинг и таа многу добро го познава вашиот моден стил.
14. Кога имате премногу обврски, таа без проблем прифаќа да ви заврши дел од задачите.
15. Имате свои интерни шеги кои никој друг не ги разбира.
16. Таа е единствената личност која секогаш ќе ги чува вашите тајни и никогаш нема да ви забоде нож во грбот.
17. Имате исти интереси и хобија.
18. Секогаш сакате да научите повеќе од неа.
19. Не можете да си го замислите животот без неа.
20. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога ќе ви се случи нешто добро или лошо во животот.
21. Се чувствувате нервозни кога нема да се видите неколку недели.
22. Таа е буквално „ваш“ човек и многупати досега сте ги поминувале деновите гледајќи ги вашите омилени серии.
23. Секогаш се обидувате да најдете време за да правите нешто заедно без разлика колку сте зафатени.
24. Совршено се надополнувате како лонче и капаче.
Доколку се пронајдовте во сето ова, тогаш сигурно ќе се согласите зошто мајките и ќерките се најдобри пријателки.