24 работи кои тивките луѓе секојдневно ги трпат
Живееме во свет во кој екстровертноста е најприфатлив начин на однесување, а тивките луѓе се неразбрани и понекогаш се сметаат за чудни. Затоа тие ги трпат овие работи.
1. Луѓето постојано им велат да се расположат, а тие веќе се расположени и се чувствуваат добро.
2. Некогаш навистина немаат што да кажат, а другите им велат да кажат нешто и да не се срамат.
3. Другите често мислат дека се лути, иако сè им е рамно.
4. Не се вклучуваат во разговори и оној кој зборува се врти кон нив и вели: „Ти што имаш да кажеш. Многу молчиш“.
5. Не сакаат кога професорот оценува според активноста на часовите.
6. Луѓето мислат дека тие само седат на страна, молчат и им судат на другите.
7. Многу им е непријатно кога во далечината ќе видат дека некој мавта со рацете кон нив, а тие не знаат дали ја познаваат таа личност ниту дали таа ним им мавта.
8. Ѕвони фиксниот телефон и некој им вели да се јават.
9. Се обидуваат да изгледаат покомуникативни и порасположени и тогаш некој им кажува да не се стегаат толку, да не се срамат и повеќе да зборуваат.
10. Кога некој нарачува храна и за нив, тие не сакаат да се конфронтираат со него/неа.
11. Трпат луѓе кои не сакаат тивки луѓе.
12. Сите сметаат дека не се дружељубиви.
13. Трпат луѓе кои мислат дека можат да им се обратат на некултурен начин само затоа што се тивки и не изгледаат како некои кои жестоко би возвратиле.
14. Келнери кои не ги слушаат кога ги довикуваат.
15. Кратки разговори од куртоазија во кои не уживаат.
16. Настани наменети за вмрежување со други луѓе кои се исполнети со кратки разговори од куртоазија.
17. Луѓе кои сакаат долг контакт со очите.
18. Гласни луѓе покрај кои се плашат дека изгледаат уште потивко.
19. Луѓе кои не им веруваат и се плашат од тивките луѓе сметајќи дека кријат нешто.
20. Кога некој ги претставува пред некој друг опишувајќи ги како тивки.
21. Кога некој ќе ги „боцне“ велејќи дека не се забавуваат, иако нив им е убаво.
22. Некој постојано ги прашува за што сакаат да зборуваат.
23. Има луѓе кои мислат дека тие сакаат да бидат оставени на мира.
24. Има и луѓе кои мислат дека им треба помош за сè и сешто и постојано се нудат да помогнат прашувајќи дали им треба нешто.