24 нешта кои треба да ги знаете пред да почнете да живеете заедно со вашиот партнер
Сигурно ви се случило да помислите дека прерано сте почнале да живеете заедно со вашиот партнер, но никој не може против желбите на срцето. Без разлика колку долго сте заедно, заедничкиот живот претставува прилагодување и тест на вашето трпение. И колку и да сакате некого, живеењето во ист простор носи константни предизвици. Погледнете ги следниве нешта кои е добро да ги знаете пред да се решите на овој голем чекор.
1. Она што е мое е и твое, она што е твое е и мое. Ако мислите дека сѐ уште владеете со сѐ што претходно сте имале пред да почнете да живеете заедно, тогаш се лажете. Џемпери, книги, па дури и козметички средства – одеднаш сè ќе почнете да делите.
2. На почетокот мора да поставите цврсти правила. Подобро е да сте пребирливи кога се вселувате, отколку да правите компромиси подоцна.
3. Зборувајте за финансиите често и отворено со вашиот партнер. Ако не заработувате доволно за да плаќате половина од киријата, тогаш тоа значително ја менува финансиската ситуација и на вашиот партнер.
4. Ќе имате поретко секс. Со оглед на тоа што не можете да имате секс како зајаци, мора да научите да гледате во голото тело на вашиот партнер без да го активирате либидото.
5. Ќе ја јадат вашата храна. Ако не сакате да ја делите храната мора јасно да кажете.
6. Ќе има моменти кога ќе се сомневате во врската, без разлика колку е совршена. Во човечката природа е да сонуваме за нешто ново и непознато.
7. Ќе има моменти кога ќе се чувствувате како родител.
8. Ќе има моменти кога вашиот партнер ќе се чувствува како родител.
9. Мора да поминат 2-6 месеци на прилагодување и во договарање каде да ги поставите фотографиите или дали е доволно светло во спалната соба.
10. Вашите пријатели ќе ги гледате приближно 25% поретко од претходно.
11. Штом почнете да живеете заедно со некого веднаш ќе почнете да размислувате дали да земете мачка, но одговорот во секој случај е не.
12. Вечерите кога порачувате храна дома ќе ви изгледаат како кратки одмори.
13. Ќе сфатите дека повеќе не сте одговорни само за себе. Имате одговорност и за друга личност, па постојано ќе се грижите дали вашиот партнер е гладен или дали има чиста долна облека.
14. Поради тоа што поминувате толку време заедно ќе почнете да се нервирате за ситници, како на пример неизмиената чинија во мијалникот.
15. Ќе почнете да гледате телевизиски програми кои вообичаено не сте ги гледале.
16. Ќе има моменти кога ќе правите комбинација помеѓу романтика и практичност. Пример, ќе се туширате заедно за да ја намалите сметката за вода и струја.
17. Уште еден цимер во станот навистина може да помогне. Не само што ќе ги намалите трошоците, туку нема повеќе автоматски да се обвинувате меѓусебно за нередот во станот.
18. Ќе се навикнете да спиете покрај истата личност секоја вечер и кога тој или таа ќе замине на некое патување ќе сфатите колку е креветот празен без нив.
19. Ќе мора напорно да работите за да ја зачувате романсата во врската. Ќе мора да инсистирате да излегувате, бидејќи е многу важно некогаш да се одделите од каучот.
20. Ќе има денови кога нема да може да го поднесете вашиот партнер, но никогаш нема да заборавите дека го/ја сакате.
21. Љубомората ќе исчезне. Кога живеете заедно знаете што прави вашиот партнер во текот на целиот ден.
22. Ќе почнете да се чувствувате како старци живеејќи со вашиот партнер. Ова е стапица.
23. Колку подолго живеете заедно толку повеќе ќе почнете да забележувате морничави сличности меѓу вас и вашиот партнер. Тие ќе примат дел од вашите карактеристики, а вие дел од нивните.
24. На крај, потребно е многу трпение, но гледајќи ја секојдневно насмевката на вашиот партнер ќе знаете дека вреди.