23 знаци кои покажуваат дека премногу долго сте сингл

23 знаци кои покажуваат дека премногу долго сте сингл

Сингл животот и животот со партнер се разликуваат многу, а без сомнение и двата имаат свои предности и недостатоци. Некои луѓе уживаат да бидат сингл, додека пак други едноставно не можат да ја пронајдат својата друга половина. Како и да е, ако сте премногу долго време сингл, тогаш можете да почнете да ги забележувате овие знаци кои се појавуваат како резултат на начинот на живот. Погледнете дали и вие ќе се пронајдете во некои од нив.

23 знаци кои покажуваат дека сте сингл веќе подолго време

1. Ги следите сите свои желби и страсти за јадење дури и доцна навечер. А потоа барате начини за намалување на вишокот килограми и се зачленувате во теретана.

2. Имате излезено со сите потенцијални додворувачи. Но се убедувате себеси дека проблемот не е во вас, туку само имате лоша среќа.

3. Ја извртувате вистината за другите да мислат дека имате момче. На социјалните мрежи споделувате фотографии кои на некој начин може да им дадат до знаење на другите дека сте на љубовен состанок.

4. Дури и вашето пошироко семејство ве прашува дали имате момче. Но, нивните реакции ќе бидат неверојатни кога ќе им кажете дека имате некој покрај себе!

5. Вашиот поранешен партнер не се однесува како да сте му поранешна девојка. По раскинувањето, тој имал сигурно повеќе девојки, па вам повеќе ве смета како далечен пријател од минатото.

6. Научени сте неделите да ги поминувате дома. Недела е ден за одмор, а и ден кога луѓето можат да се релаксираат со својот партнер. Но вие веќе подолго време неделите ги поминувате на својот кревет, во своите пижами.

7. Пријателите повеќе не се мачат да ви пронајдат партнер. Тие веќе сфатиле дека со тоа предизвикуваат само хаос, па ја забораваат оваа навика.

8. Имате домашен миленик. Вам ви треба друштво за играње, забава, а понекогаш и за зборување. Домашните миленици се добри за оваа улога.

9. Мислата за споделување на креветот е доволна за да ве натера да заплачете. Не можете да се справите ниту со часовникот кој отчукува во вашата соба.

10. Не внимавате на тоа да ви одговара долната облека. Вие речиси никогаш не се грижите дали ви се совпаѓа долната облека.

23 знаци кои покажуваат дека сте сингл веќе подолго време

11. Почнувате да се состанувате со момчиња со кои не си одговарате. Вие сте среќни што навечер ќе излезете со некое момче, иако знаете дека не си одговарате и дека не ве привлекува.

12. Вашите пријатели повеќе не се обидуваат да влијаат на вас. Сепак, тие сакаат да ги зачуваат вашите меѓусебни односи.

13. Одамна ја немате замислувано вашата иднина со деца. Иако порано секогаш сте фантазирале за ваше семејство, сега тоа одамна не е вклучено во вашите планови.

14. Почнувате да се спријателувате со практикантите кои доаѓаат на работа. Тие се помлади, а со тоа е поголема и веројатноста да се сингл, па можете за викенди да излегувате со нив.

15. Избегнувате да одите на романтични места. Не сакате да посетувате некои места кои се наменети за паровите или за сопружниците. Вие сте сингл и тоа не ви одговара.

16. Не им верувате на другите кога ви даваат комплименти. Наместо тоа, се потпирате на сопствените тврдења.

17. Дури и Фејсбук знае дека сте сингл. Вие ставате лајкови на сите фотографии кои го опишуваат сингл животот на девојките.

18. Единствените подароци кои ги добивате последните години се од вашето семејство. Само членовите на вашето семејство ве изненадуваат со слатки и значајни подароци.

19. Размислувате повторно да му се вратите на вашиот претходен партнер. Можеби сега работите ќе бидат поинакви, па сметате дека е во ред да се обидете.

20. Користите премногу апликации за состанување, па почнувате да ги препознавате луѓето. Дури можете и да ги поздравите на улица, мислејќи дека ви се далечни пријатели.

21. Не ви е пријатно да го гледате јавното искажување на внимание. Така, брзате да ги поминете сите оние парови кои се гушкаат пред вас.

22. Имате посебна папка на вашиот паметен телефон каде што ги чувате сите апликации за состанување. Но, истата ја именувате со некој обичен збор, за да не привлече внимание.

23. Многу сте станале цинични. Толку многу што дури кога вашата најдобра пријателка ќе почне да ви зборува за нејзиното ново момче, вие во вашата глава си велите дека тоа нема да им успее.

23 знаци кои покажуваат дека сте сингл веќе подолго време


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар