23 знаци дека страдате од менталитет на жртва

23 знаци дека страдате од менталитет на жртва

Во некој период од животот, секој од нас бил жртва. Без разлика дали како деца, тинејџери или возрасни, до некој степен сите сме биле жртви на емоционално, физичко или психичко малтретирање. Иако е важно да се помирите со она што ви се случило, не можете да продолжите во вашиот живот ако не излезете од улогата на жртва.

23 знаци дека страдате од менталитет на жртва

Имањето менталитет на жртва е многу повеќе од искусувањето на некоја траума. Кога и ментално сте жртва, целото ваше постоење го гледате низ тесна ментална леќа која ви е единствен начин за перципирање на светот.

Што претставува менталитетот на жртва?

Менталитет на жртва е психолошки израз кој се однесува на нефункционален начин на размислување што ве тера да се чувствувате прогонето со цел да привлечете внимание или да избегнете одговорност. Луѓето кои се соочуваат со ова се убедени дека не само што животот е надвор од нивна контрола, туку и дека целта е да бидат повредувани. Ова верување резултира со постојано чувство на вина, песимизам, страв и гнев.

Како се развива менталитетот на жртва?

Никој не е роден на овој начин, исто како што никој не се раѓа со депресија или анксиозност. Наместо тоа менталитетот на жртва се стекнува и е резултат на случувањата од животот и механизмите за справување. Повеќето жртви страдале како деца, без разлика дали станувало збор за физичко, сексуално, емоционално или психолошко малтретирање. Сепак, иако она што ви се случило е надвор од ваша контрола, ваша одговорност е да истапите и да ја вратите одговорноста за вашата среќа.

9 предности на жртвите

Всушност, улогата на жртва може да има и неколку предности. Овие „награди“ го отежнуваат соочувањето со проблемот, па поради ова луѓето заглавуваат во овој токсичен циклус. Некои од предностите се:

  • Непреземање одговорност за ништо.
  • Внимание од другите.
  • Сожалување од другите.
  • Помалку критики од другите.
  • Имате „право“ да се жалите.
  • Поверојатно е да го добиете она што го сакате.
  • Се чувствувате интересно бидејќи на сите им ги раскажувате вашите приказни.
  • Нема да ви биде здодевно бидејќи постојано сте опкружени со драма.
  • Го избегнувате гневот бидејќи сте премногу зафатени со тагата.

Играњето жртва всушност ви дава голема моќ, и тоа моќ да избегнувате одговорност, да се чувствувате тажно, да ги избегнувате непријатните емоции и да ги манипулирате другите.

Мрачната страна на улогата на жртва

Мнозинството луѓе кои играат жртва го прават ова несвесно или ненамерно. Сепак тие многу ги манипулираат другите, дури и саканите. Ако луѓето се сожалуваат со вас, навистина е лесно да ги контролирате. Оваа несвесна желба за контрола само ја храни улогата на жртва.

Играњето жртва е користено и од социопатите кои ја користат улогата за емоционално да ги контролираат оние околу нив.

23 знаци за менталитет на жртва

Дали вие или некој што го сакате игра улога на жртва? Овие знаци ќе ви помогнат да откриете:

  • Постојано ги обвинувате другите луѓе или ситуации што се чувствувате мизерно.
  • Вашата филозофија е дека животот е против вас.
  • Цинични сте или песимисти.
  • Ги гледате проблемите како катастрофи и ги преувеличувате.
  • Мислите дека другите намерно се обидуваат да ве повредат.
  • Верувате дека само со вас не се однесуваат како што треба.
  • Постојано ги преживувате болните сеќавања што направиле да се чувствувате како жртва.
  • Дури и кога сè е во ред, вие наоѓате причина да се жалите.
  • Одбивате да ги земете предвид туѓите перспективи кога разговарате за вашите проблеми.
  • Се чувствувате немоќно и неспособно да се справите со проблемите и животот.
  • Се чувствувате нападнато кога добивате конструктивна критика.
  • Верувате дека не сте одговорни за она што се случува во вашиот живот.
  • Верувате дека на сите им е подобро без вас.
  • Изгледа како да уживате да се сожалувате.
  • Привлекувате луѓе како вас.
  • Верувате дека светот е страшно и лошо место.
  • Уживате да ги споделувате вашите трагични приказни.
  • Често ги обвинувате и напаѓате саканите поради начинот на којшто се чувствувате.
  • Се чувствувате немоќно да ги промените вашите околности.
  • Очекувате сожалување од другите и се разочарувате ако не го добиете.
  • Одбивате да се анализирате и да го подобрите вашиот живот.
  • Се поврзувате со другите кога станува збор за споделување трауматични искуства.
  • Постојано се обесхрабрувате.

Како да престанете да бидете жртва?

Ако се сомневате дека се соочувате со овој проблем, постојат неколку нешта што можете да ги направите.

  • Почнете да го заменувате „ти“ со „јас“. На пример, наместо да кажете „Ти правиш да се чувствувам гневно“, кажете „Јас се чувствувам гневно кога го кажуваш тоа“.
  • Гледајте се како преживувач. Жртвата се расправа со животот, а преживувачот го прифаќа. Жртвата е заглавена во минатото, преживувачот живее во сегашноста. Жртвата верува дека е беспомошна, преживувачот ја презема контролата над својот живот. Иако менталитетот на жртва е заразен, менталитетот на преживувач е многу помоќен. Штом ќе почнете да се гледате како преживувач, ќе се чувствувате подобро и ќе ги привлекувате вистинските луѓе.
  • Бидете добри кон себе. Односно, внимавајте да не станете жртва на менталитетот на жртва. Ова не е улога којашто ја одбирате, ова е улога којашто се развила поради околностите. Бидете нежни кон себе и покажете си љубов. Истражете ги раните и верувањата кои го создаваат идентитетот на жртва и заменете ги со сочувство. Можете да посетите и терапевт.
  • Истражете ги погрешните верувања. Грешните верувања можат да создадат анксиозност, депресија, гнев и чувство на вина. Ќе се изненадите колку погрешни верувања сте собрале несвесно.
  • Запрашајте се кои мисли го предизвикуваат страдањето. Секое страдање потекнува од верување на кое не сте му обрнале внимание. Кога се приврзувате за овие мисли вие страдате. Имајте на ум дека нема потреба да им верувате на вашите мисли. Медитацијата ќе ви помогне да го направите тоа.
  • Научете да бидете благодарни. Благодарноста е едноставна алатка која ќе ве потсети дека животот не е толку мизерен колку што ви изгледа. Секој ден најдете 10 работи за кои сте благодарни.
  • Развијте одговорност. Почнете да ги забележувате начините на кои ја избегнувате одговорноста. Бидете брутално искрени и откријте како сожалувањето на другите само ве заглавува во овој циклус. Бидете свесни дека вие сте одговорни за вашиот живот и можете да ја направите потребната промена.
  • Покажете добрина кон некој друг. Кога сте жртва, најчесто се фокусирате на самите себе. Излезете од вашата глава и направете нешто добро за некој сакан. Кога ќе сфатите дека можете да се чувствувате добро без да ги манипулирате другите, полесно ќе се ослободите од менталитетот на жртва.

Погледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да излезете од улогата на жртва.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар