23 значајни цели во врските кои не се поврзани со веридба или свадба

23 значајни цели во врските кои не се поврзани со веридба или свадба

Кога зборуваме за романтична врска, постојат неколку цели кои е потребно да ги исполниме за врската да биде долга и успешна. Бидејќи секоја врска е различна, различни се и целите кои треба да ги достигнеме заедно. Сепак постојат нешта кои можеби не се од егзистенцијална вредност за заедничкиот живот, но лично за вас двајца тие претставуваат нешто кое ве прави да уживате во времето кое го поминувате заедно и да сте благодарни што вашата сродна душа е „луда“ како вас.

23 значајни цели во врските кои не се поврзани со вршачка и свадба

1. Кога ќе кажете „Те сакам“ без зборови.

2. Кога ќе научите како да зборувате со очи, толку течно и разбирливо што зборовите ќе ви се чинат целосно непотребни за време на најважните моменти.

3. Кога ќе сфатите дека повеќе преферирате да спиете заедно, отколку сами, иако еден од вас постојано го зема ќебето или несвесно удира додека спие.

4. Кога ќе ја помирисате „утринската“ верзија од вашите сакани и да го цените нивниот смрдлив мирис бидејќи сте навикнати на него.

5. Кога ќе одите во тоалет со отворена врата без да се чувствувате засрамено.

6. Кога ќе дојдете до моментот во кој длабоко во вашето срце ќе знаете дека нема да раскинете и покрај големите расправии.

7. Кога ќе можете да препознаете дека вашата страст еден за друг некогаш може да изгледа како бес и дека тоа е во ред.

8. Кога не чувствувате ништо друго освен љубов кога вашиот партнер ненадејно ќе направи или каже нешто исклучително глупаво.

9. Кога ќе се ставите во одбрана на вашиот партнер ако некој надворешен натрапник ќе каже или направи нешто навредливо кон него или неа.

10. Кога ќе сакате да претепате некој кој се осмелува да се однесува идиотски кон личноста што ја сакате, иако виновникот може да биде и ваш близок пријател или член од семејството.

11. Кога отворено и искрено зборувате за сексуалните рутини и другите интимни нешта и желби.

12. Кога вистински ги цените вашите недостатоци, без разлика какви се, исто како што ги цените вашите квалитети.

13. Кога ќе сфатите дека ви е навистина сеедно дали ќе останете заедно дома или ќе излезете во град таа вечер.

14. Кога редовно исчезнувате од забавите, сфаќајќи дека повеќе би сакале да играте некоја игра и да се опиете заедно во комфорот на вашиот дом, отколку да мора да зборувате со други луѓе.

15. Кога некогаш ќе му/ѝ кажете нешто навистина вулгарно и навистина да го мислите тоа.

16. Кога ќе воспоставите силна врска и длабока доверба, што ќе направи невозможно да бидете љубоморни еден на друг.

17. Кога ќе ја достигнете фазата во која нема да ви биде важно колку привлечно изгледате бидејќи вашето момче или девојка секој ден избира да биде со вас и ве прави да се чувствувате посебно без разлика на вашиот изглед.

18. Кога вашето момче или девојка ќе биде вашата најбарана личност преку имејл и која секогаш доминира во историјата на повици од вашиот телефон. А со кој друг би комуницирале почесто?

19. Кога ќе сфатите дека имате толку многу сексуални фотографии и видеа од вас двајца, зачувани во вашите компјутери, што раскинувањето не е повеќе опција, бидејќи двајцата сте вооружени со потенцијален материјал за уцена.

20. Кога истовремено кажувате исти зборови и реченици затоа што поминувате многу време заедно и вашите личности се споиле во една.

21. Кога ќе можете да ги откачите вашите пријатели или семејства без да чувствувате вина, затоа што нема ништо што би сакале да правите повеќе отколку да сте заедно со вашиот партнер.

22. Кога ќе откриете дека не се согласувате на многу важни теми од животот, без да сакате да си ги откинете главите еден на друг, буквално или фигуративно.

23. Кога ќе знаете дека мирот и благосостојбата што ги доживувате кога сте еден покрај друг се незаменливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар