23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

Тетоважите стануваат важен дел од животите на милениумците, но и на луѓето од сите возрасти. Сепак, оваа генерација е најмногу заинтересирана за овој вид уметност. Па ако сакате да направите тетоважа, или можеби да покриете грешка од минатото, овие совети ќе ви помогнат да ја донесете правилната одлука.

Одбирање слика

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

1. Немојте слепо да ги следите трендовите. Ако отсекогаш сте сакале реалистични цветови, но гледате дека е популарен некој нов дизајн, немојте да се откажете од сонот. Модата се менува, но не е толку лесно да се ослободите од тетоважа.

2. Не одбирајте стереотипни тетоважи. Овде спаѓаат хиероглифи, срца и пеперутки. Постои голема шанса хиероглифите да не значат тоа што мислите. Важно е вашата тетоважа да има значење за кое знаете.

3. Не правете мала тетоважа само за да видите дали ви се допаѓа. Ако сметате дека тетоважите не се за вас, но веќе сте направиле, ќе ви претставува проблем. Ако не сте сигурни, не правете ја тетоважата.

4. Не употребувајте веќе постоечка тетоважа или скеч. Немојте да ги копирате без да ги измените. Ако не можете да цртате, направете ваша тетоважа со помош на тату артистот.

5. Не заборавајте на културните одлики. Ако најдете некој дезен или интересен митолошки лик, прочитајте за тоа од доверлив извор. Осигурете се дека сликата нема негативна конотација и дека не е навредлива. Ако одбирате текст, важно е да знаете што навистина значи.

6. Запознајте се со стиловите. Една роза може да биде изработена во повеќе стилови.

7. Поминете време со вашата идеја. Немојте да брзате со процесот. Поставете си неколку прашања. Дали сакате тетоважа само за луѓето околу вас? Дали ќе ја сакате по неколку години? Една анкета покажала дека 1 во 6 луѓе сакаат да се ослободат од нивната тетоважа. Денес можно е и ова, но процесот трае од 3 до 12 месеци и може да ве чини повеќе од тетоважата. Покај тоа, ласерското отстранување може да биде навистина болно.

Големина и место

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

8. Осигурете се дека тетоважата одговара на местото каде што сакате да ја ставите. Невозможно е да ставите тетоважа со многу детали на зглобот. Од друга страна, малата слика ќе изгледа чудно на грбот или на стомакот.

9. Погледнете се во големо огледало. Бидете многу сигурни за местото на тетоважата и осигурете се дека ќе ви стои добро. Понекогаш треба да внимавате да можете да ја сокриете тетоважата со облека бидејќи може да ви претставува проблем на работното место.

10. Земете ги предвид најболните места. Болката зависи од вашите особини, а постојат и многу видови анестезија за нејзино намалување. Можете да го прашате вашиот тату артист за тоа. Најболните делови за тетовирање се колена, глуждови, внатрешниот дел на бутовите и прстите.

Одбирање тату артист

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

11. Разгледајте ги делата на артистот и посетете го студиото. Немојте да го одбирате најблиското студио. Распрашајте се, прочитајте рецензии, разговарајте за боите и големината на тетоважата.

12. Осигурете се дека е безбедно. Хигиената и безбедноста се најважни. Немојте да се плашите да го замолите тату артистот да ви го покаже студиото. Немојте да се тетовирате ако не му верувате на артистот или ако е лоциран на чудно место.

Што може, а што не може да правите пред тетовирање?

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

13. Немојте да се сончате.

14. Немојте да пиете алкохол.

15. Истуширајте се. Не се препорачува да ја навлажнувате тетоважата веднаш по правењето.

16. Јадете пред тетовирањето бидејќи може да трае долго.

17. Немојте сами да го бричите местото што ќе го тетовирате за да не ја оштетите кожата.

Што може, а што не може да правите по тетовирање?

23 важни совети пред да ја направите првата тетоважа

По правило, на тетоважата ѝ требаат 2-3 недели за да заздрави. Следете ги сите инструкции што ќе ви ги даде артистот. Основните правила се:

18. Нежно чистете ја тетоважата со чиста вода неколку пати дневно.

19. Нанесете тенок слој крема за навлажнување што ќе ви ја препорача артистот.

20. Немојте да се сончате, да пливате, да одите во сауна или да вежбате.

21. Немојте да ја чешате тетоважата.

22. Немојте да го вадите горниот слој кога ќе почне да се лупи.

23. За околу еден месец артистот може да ве викне за корекција на тетоважата. Ако сте ја оштетиле самите, тој има право да ве одбие да ви ја поправи бесплатно.

Дознајте нешто повеќе за најболните места за тетовирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар