23 пролетни трендови кои ќе ги гледате насекаде оваа сезона
И покрај снегот што паѓаше деновиве, сепак пролетта е веќе пристигната, па сигурно и вие сте подготвени за потопли денови, пократки фустани и сандали. Ако планирате да го обновите гардероберот, погледнете кои се модните трендови кои ќе владеат оваа сезона.
1. Храбри линии
Овој принт е одличен за фустани, а во комбинација со балетанки за секунда ќе бидете подготвени за фотографирање.
2. Точки
Овие мали бели точки повторно се појавуваат на фустани, комбинезони и блузи.
3. Чевли со мала потпетица
Ова се совршените чевли за транзиција. Затворените прсти ќе ве заштитат од студ, а отворената пета ќе направи да се чувствувате како пролетта навистина да е овде. Најдоброто од сè е што со овие чевли можете лесно да одите.
4. Фустани со една прерамка
Овој модел одговара на сите форми на тело, а совршен е за работа, венчавки, па дури и за излегување во град.
5. Обетки алки
Зошто да не пробате да додадете малку забава во секојдневниот изглед со нов пар обетки? Големи, мали, со светли бои – нема никакви правила.
Продолжува на следната страница…
Smetam deka proletnive trendovi se veke videno i iskreno nieden ne mi se dopadna