23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете - Part 2

23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

12. Кој има најголемо влијание врз твојот живот и зошто?

Овој одговор ќе ви ги открие клучните вредности на личноста. Ако во овој случај соговорникот ја наведе својата самохрана мајка тогаш тој ги цени семејството и одговорноста.

13. Од што си зависен/на?

Се работи за зависностите како чоколадо или вежбање. Прашањето е искрено, но дали таков ќе биде и одговорот?

14. На кој начин те поддржуваат родителите?

Во зависност од одговорот ќе откриете што личноста спроти вас добила или не добила од родителите. А, ќе откриете и кое е нејзиното мислење за личностите од спротивниот пол.

15. Дали веруваш во карма?

Со ова ќе откриете дали личноста ги согледува последиците од своите постапки.

16. На кое место се чувствуваш среќно?

Ако соговорникот ви каже некое место што физички постои како салата за вежбање или планинарската патека, може да зборувате за тие негови интереси. Но, личноста може да ви даде и апстрактен одговор, од кој ќе зависи како ќе го продолжите разговорот.

17. Што може да те расплаче и зошто?

На овој начин ќе откриете кои моменти го прават соговорникот емотивен.

18. Кога последен пат се налути и зошто?

Со ова прашање ќе откриете колку вашиот соговорник се обидува да ги контролира случувањата во животот. Ќе откриете и дали го лутат мали нешта или не е личност што често се нервира.

19. Која е твојата најдобра особина?

На ваков начин ќе откриете кои аспекти соговорникот ги смета за значајни во неговиот живот, а ќе го откриете и начинот на кој тој се перципира себеси.

20. Кој пејач се срамиш да признаеш дека ти е омилен?

Во одговорот ќе откриете колку вашиот соговорник е опуштен, па може да се пошегувате и за новиот албум на некоја пејачка.

21. Дали си пријател со твојот поранешен партнер?

Освен што ќе дознаете поради што се разделиле со својот партнер, ќе откриете и како личноста се справува со разделбите.

22. Доврши ја фразата: Најмногу сакам да………….. со некого.

Одговорот ќе ви открие што соговорникот може да ви понуди во моментот.

23. Ако парите не ти беа важни, што би правел во моментов?

Одговорот на ова прашање ќе ви ги открие страстите и мечтите на соговорникот, без да го оптоварува совеста.

Можеби сакате да ги прочитате и 9-те психолошки прашања што ќе ви помогнат да го прочитате вашиот соговорник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар