23 пораки што градите ви ги испраќаат за вашето здравје

23 пораки што градите ви ги испраќаат за вашето здравје

Градите може да откријат разни промени кои се случуваат во вашето тело. Иако тие најчесто се врзуваат за одреден дел од менструалниот циклус, ненадејните промени на тежината понекогаш може да упатуваат на многу посериозни проблеми. Проучете ги овие најчести знаци и дознајте го нивното значење.

1-23-poraki-koi-gradite-gi-otkrivaat-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Ненадејно зголемување на градите

  • Може да значи дека сте се здебелиле, после пубертетот растењето на градите се врзува со зголемување на телесната маса, пообемно јадење, помала активност, нередовно спиење или стрес.
  • Може да биде најава на менструацијата, реакција на нова контрацепција или бременост.

Ненадејно намалување на градите

  • Може да значи дека сте ослабеле. Градите се полни со масно ткиво, а со слабеењето тоа се намалува.
  • Може да означува период на овулација која доаѓа после завршувањето на менструацијата. Станува збор за ненадејна промена на хормоните.

Едната дојка е поголема од другата

  • Може да означува природна асиметрија на дојките која е вообичаена кај поголемиот дел од жените, а која најмногу доаѓа до израз во текот на ПМС-от.
  • Може да значи рак на дојката. Кога дојката ќе започне значително да го менува обликот може да упатува на абнормални промени во ткивото. Ако ги забележите таквите промени, побарајте совет од доктор.

Иритација на кожата под градите

  • Може да означува алергиска реакција на материјалот, боја за ткаенини или метал како што се жиците од градникот кои содржат никел.
  • Може да означува воспаление на кожата која е честа кај жените со поголеми гради. До воспаление доаѓа кога кожата на дојката се трие со кожата под неа, односно во комбинација со потењето може да предизвика воспаление.

Ситни јазли на ареолите

  • Означува природна промена на брадавиците. Улогата на градите е производство на млеко, а ситните вени означуваат завршеток на жлездите. Тие во текот на менструалниот циклус може да се зголемат и да станат многу поизразени.

Поголем јазол на ареолата

  • Може да означува циста на дојката. Цистите се бенигни и не се опасни, но треба да ги контролирате.
  • Може да упатува на тумор. Промената во внатрешноста на дојката, посебно оние кои може да се видат со голо око или да се напипаат, треба веднаш да се пријават кај гинекологот.

2-23-poraki-koi-gradite-gi-otkrivaat-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Појавата на влакненца на дојките

  • Може да биде реакција на препарати или лекови кои содржат тестостерон, машки хормон.
  • Може да укажува на синдром на полицистични јајници. Останатите симптоми кои упатуваат на цисти на јајниците се појавата на акни и нередовната менструација.

Чешање на брадавиците

  • Може да упатува на алергиска реакција на средството за туширање, ткаенина или боја за ткаенина. Задолжително исперете го новиот градник или облеката пред првото носење.
  • Може да означува скоро доаѓање на менструацијата. Понекогаш хормоналните промени во организмот може да активираат чешање и чувствителни брадавици.
  • Може да упатува на карцином на брадавиците. Овој вид карцином е многу редок, а доаѓа и со други симптоми како што е сува кожа на брадавиците која може и да се луши, или пак жолтеникав или црвеникав исцедок.

Белузлав исцедок од брадавиците

  • Може да биде предизвикан со стимулација. Дојките служат за произведување на млеко, а исцедокот кој потсетува на млеко е нормална појава и не е нужен знак за болест кој може да биде предизвикан со физички стимуланс поради зголеменото ниво на пролактин, неврзано за бременоста и мајчинството.
  • Може да биде реакција на лекови. Некои лекови го подигаат нивото на хормонот пролактин кој е одговорен за создавање на млекото. Не е опасно, туку само станува збор за несакани ефекти.

Црвеникав исцедок од брадавиците

  • Може да упатува на бениген тумор кој може да се создаде во млечниот канал на дојката. Секако е потребно да побарате совет од доктор.

Тромаво, грутчесто ткиво во дојката

  • Може да упатува на проширување на млечните канали – мастопатија. Станува збор за најчестата промена во дојките која има бенигна природа. Најчесто е предизвикана од хормонските промени пред менструацијата и стресот.
  • Може да упатува на присутност на циста (фиброцистична мастопатија) или бениген тумор (фибром). Ако промените стануваат сѐ поизразени, посетете гинеколог.

Јазол на дојката

  • Може да упатува на циста. Ако е јазолот кружен, односно „бега“ под притисок, тогаш најверојатно станува збор за бенигна циста кој може да се појави, а веќе наредниот циклус да исчезне. Симптомите за циста во дојките се болка и бодење, може да се напипа доколку е во близина на кожата и поголема од 1 сантиметар, а може да стане поизразна во текот на менструацијата.
  • Може да упатува на рак на дојката. Иако поголемиот дел од промените на дојките се врзани за хормоните и менструалниот циклус, тврдиот јазол на дојката не смеете да го занемарите. Ако почувствувате под прстите маса во дојката која не се менува, веднаш побарајте совет од доктор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар